Една случка од пред 6-7 години....Излегвам со колата со другар ми,и барам место за паркинг нема нигде низ град,начекав едно местенце одкарши грчкиот конзулат,и ја паркирам(а до конзулатот има кафанче),и некој ми вика,тргни ја бе колата од таму...Се вртам глеам некој седнат на маса по темна виндјакна(и си велам ај бе некој пијан е,се дупи со мене),и му викам кај да ја носам бе,на рамо да ја кренам....И станва чоекот иди на кај мене,ми вели сеа ке ти кажам кај да ја носиш,и како шо се доближува кон мене глеам џандар(со оние тогаш новите јакни)...Иди до мене и ми вели дај документи,а јас за Реното ништо немав,сообраќајната беше во полиција (земена ми беше 2 години таму стоеше пошо не беше регистрирано),и му велам немам документи не ти давам....А не ми даваш ми вели,сеа ке ти кажам,зеде ја викна пола полиција,тука на улица хаос,другар ми се чуди....Дојдоа,едно комбе,една кола Алфи,Крајслерот и сеа ова она,дај ми велат податоци...јас му ги кажвам, од брат ми податоците(пошо немав возачка),проверуваат по радио станица,и од полиција му велат ок е,има возачка...а во меѓувреме се карам со овај џандарот и другар ми ми вика доста бе Менде доста шо тие,а јас му велам на 10 џандари дека се викам Кире(хаос таму)....И на крај,џандарот ми вели,на шо ти личам јас бе на стражар,и му велам а оти шо се мислиш,седиш во она бутчето метро на метро и се мислиш детектив си....Бидна шо бидна,после 7-8 месеци стига казна,дека колата била паркирана нерегистрирана на таа и таа улица...Оди стариот на суд и му вели на судијата,од кај видоа полицајците дека колата не е регистрирана,му вели и пред зграда ако ја чувам нерегистрирана можи да ми пишат казна...Си помина со паушали
