Поднесов за нова возачка, ми вика после Св. Трифун ќе си провериш дали ти е готова.
1 МЕСЕЦ. Али јеби га, тоа е.
Околу книшките прашувам, ми вика "на нас никој ништо ни нема кажано, ама чувај ја". Аха, ОК. Пред 5 минути ја фрлив во печката. Еба ви...
@Power to the people - барањето ми помина ИСКУЦАНО И ОТПЕЧАТЕНО, FYI.
Мада, му го давам и ми вика "па што не си го пополнил барањето?", а доле потпишано. Му викам "пополнето е, испечатено е". Го загледа поубаво, и ни А ни Б.
#facepalm
П.С. крвна група испадна дека само во Гевгелија бараат. Кога бев да ми земаат крв во болница, имаа посебен шалтер за таа работа, што значи на сите бараат. Само, сестрата ми вика дека се консултираат со колеги од други општини, и дека никаде на друго место не барале.
Бог да чува.
Бев да видам да не случајно ми е готова возачката. На 18.01. се сликав.
Ми вика "аааа, дечко, после 8-ми март ќе дојдеш ДА ПРОВЕРИШ".
Никој ништо не работи. Каде ќе се напикаме, не знам.
Во петокот бев да се сликам за нова лична карта, заради рок на траење на старата.
Симнав пријава/барање од страната на мвр, ја испечатив и пополнав, да не се маткам таму по шалтери. Рачно ја пополнав
Одам, влегувам за сликање, тетката ми вели:
- Од кај ти е пријавава?
- Ја симнав од страната на мвр...
- А не, стари се тие, друга треба да пополниш, имаш на шалтерите...
Ок си викам, нема поента да се расправам, ништо чудно да е во право, државно и ажурирање на нештата по интернет...
Пополнувам друга пријава, потполно иста, само што е испечатена на еден лист, а јас ја испечатив на два листа. Одам со другата пријава/барање што и да беше и објаснувам дека се исти.
- Не се исти!
- Во ред, баш ме интересира кај е разликата!
Ги проверува, потполно исти:
- Абе исти се овие...
- Исти се.
- Ами оти ние цело време ги враќаме луѓето со овие од интернет што му се, ги враќаме да пополнат од шалтер...
- Е оти де?
И така, ме сликна, ми кажа дека за 2 работни недели ќе е готова, ама не сум толку оптимист