Баш имаше една ситуација каде што застанаа Ламбо од Дубаи во Канада и муабетот оди вака:
Aнтиклимактично, сѐ нешто очекував дека ќе се деси ама и двете страни беа упорни во намерата да истрајат во љубезноста.
Од Дубаи? Чудно што зборуваа на Фарси (Персиски/Ирански)...
Ок за поентата, ама статистиките велат дека најголемиот дел џандари ги убиваат при вакви контроли и следствено протоколите им се „тригер-хепи“ а законите ги штитат... Паметен човек ќе си пази и ќе се понаша ретардирано со прашување за секое движење на рацете ама ќе остане жив во 99% од ситуациите. Не знам дали го гледаше видеото со оној црњото со чиј случај започнаа БЛМ протестите, тоа ваљда би можело да послужи како упатство како да не се однесуваш со џандари ако сакаш да не те упукаат (и со право).
Па да, отприлика тоа. Од наша (европска) перспектива, ни е малку чудно, бидејќи тука се многу построги правилата за купување и поседување на оружје. Во пола од државите во САД, не можеш да купиш цигари ако си малолетен, ама затоа можеш да купиш пушка. Нема воведено ограничување на возраста.
Неповрзано со другиот муабет, ама пошто е интересно за размислување - мислам дека нивниот начин е подобар. Мислам конкретно на полесната достапност на оружје... Криминалците секако не се замараат со дозволи, така? Освен тоа еден куп насилство и убиства се прават со ладно оружје или било што што се нашло при рака. Епа тогаш која е поентата да се спречуваат нормалните граѓани потешко или никако да не можат легално да поседуваат оружје, нели со цел самоодбрана, или лов, итн.