Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1850414 пати)

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11115 на: 19 Септември 2020, 07:14:24 am »
Не само што ќе те казнат ако те фатат, тоа е ситна боранија. Ама ако направиш штета ќе те искинат со плаќање, а тек па ако повредиш некој макар и малку може цел живот да окапеш плаќајки по адвокати, извршители и оштети.

Не само што не смее ни минута после истекот на регистрација, туку не треба ни да се чека да истече. Треба да се обнови 15-30 дена ПРЕД да истече за да не подзаборавиш, или да ја повози некој друг колата и после да е весело ако има штета.

Сите се плашат од 500евра казна за нерегистрирано возило, а не се плашат од 10000-50000 евра штета сако направат и си го уништат животот за навек.

баш тоа ми беше и поентата на целиот пост погоре

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11116 на: 19 Септември 2020, 08:28:57 am »
Стегнаа со контроли. На две места на Континентал мерат. Едно по друго на 700-800м.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11117 на: 19 Септември 2020, 08:53:27 am »
Како да ја однесеш колата до технички со истечена регистрација со извадена нова полиса ако полисата важи дури од утредента.

Утредента ја носиш на технички и од мвр ќе ти бараат да смениш датум на полисата кој повторно ќе важи од утредента, па колата ќе мора да ти остане паркирана на технички.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11118 на: 19 Септември 2020, 09:01:34 am »
Како да ја однесеш колата до технички со истечена регистрација со извадена нова полиса ако полисата важи дури од утредента.

Утредента ја носиш на технички и од мвр ќе ти бараат да смениш датум на полисата кој повторно ќе важи од утредента, па колата ќе мора да ти остане паркирана на технички.
Реално? Онака по пропис ако сакаш?

Со пробни таблички или со шлеп служба.

Да, најсериозно. Ако зборуваме за како ТРЕБА, така ТРЕБА. Тоа што никој не го прави тоа не значи дека е правилно. Напротив е многу неправилно.

Тоа што салоните и остали ти продаваат кола без пробна табличка си е безобразие од невиден степен. Ако толку несакаат да ти ја поминат на пробни треба да ти ја достават до некој технички преглед да си ја подигнеш.

Ако е за како треба.

Зошто дали требало или не, причиниш штета - ежот. Нит некого го занима ти што "како ќе си ја однел" , ни ништо. Штета има, не си осигуран. Чао џаци.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11119 на: 19 Септември 2020, 09:10:32 am »
Другар и другарка сакаа да купат увезена половна кола, нерегистрирана, секако. За да ја проверат колата на соодветен мајстор, си платија шлеп од плац до мајсторот и назад.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11120 на: 19 Септември 2020, 09:43:25 am »
Па пре би платил шлеп, него казна.

Е сега, 90% што одат на варијанта "к'смет"...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11121 на: 19 Септември 2020, 10:20:13 am »
Па пре би платил шлеп, него казна.

Е сега, 90% што одат на варијанта "к'смет"...
Тоа е муабетот. Не е казната проблемот. Џандар ќе ти прогледа низ прсти за тој 1 ден ако одиш накај технички во 50% случаи. Проблем е ако направиш штета. Тука го јадеш колку 100 казни (и плус казна, се разбира)
« Последно менување: 19 Септември 2020, 10:28:47 am Deni »

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6847
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11122 на: 19 Септември 2020, 12:20:50 pm »
А дека ќе направиш штета баш тој ден, шансите се 0.1%.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11123 на: 19 Септември 2020, 12:28:29 pm »
100 стапа муабет.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11124 на: 19 Септември 2020, 12:45:40 pm »
Чисто како инфо, дали возилото смее да се вози некој одреден период после помината регистрација? Ако не се лажам сум слушал дека околу месец дена може да се вози така, или?

Sent from my Mi 9T using Tapatalk



Напротив, смееш да го регистрираш месец дена пред истекот на регистрацијата.
Да не чекаш последен ден.

За обратно, мало сутра. :)

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11125 на: 19 Септември 2020, 13:23:37 pm »
Kolite sekako gi registrirame, dva dena ponapred ponazad istite pari gi davame, sekoj den gledam slucai, zhal da ti padne od pametni sto se pravele.
Eden cika so jugo, mercedes slon ke isplatese do sega ama ... ni jugoto go nema vekje.
Istumbana kola posle 20 min otkako ja izvadija od salon, se zagledal vo radioto vo podesuvanjata, sega novata ja registrirase pa posle tri dena ja zema od salon...

Registrieajte si kako sto treba ne se zafrkavajte.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11126 на: 19 Септември 2020, 15:07:15 pm »
Како да ја однесеш колата до технички со истечена регистрација со извадена нова полиса ако полисата важи дури од утредента.

Утредента ја носиш на технички и од мвр ќе ти бараат да смениш датум на полисата кој повторно ќе важи од утредента, па колата ќе мора да ти остане паркирана на технички.
Реално? Онака по пропис ако сакаш?

Со пробни таблички или со шлеп служба.

Да, најсериозно. Ако зборуваме за како ТРЕБА, така ТРЕБА. Тоа што никој не го прави тоа не значи дека е правилно. Напротив е многу неправилно.

Тоа што салоните и остали ти продаваат кола без пробна табличка си е безобразие од невиден степен. Ако толку несакаат да ти ја поминат на пробни треба да ти ја достават до некој технички преглед да си ја подигнеш.

Ако е за како треба.

Зошто дали требало или не, причиниш штета - ежот. Нит некого го занима ти што "како ќе си ја однел" , ни ништо. Штета има, не си осигуран. Чао џаци.
Абе не ме јеби, со шлеп служба за обична регистрација ;D
А пробни таблички ти е како да употребиш тенк за да утепаш комарец, иако не ги знам деталите и бирократските поединости во врска со нив.

Станува збор за измината регистрација од да речеме 10 дена, ниту за нова кола, ниту за купена половна од друг град.

Во ред, нека важи полисата од утредента откако ќе ја извадам, нормално, за да ја извадам сум отишол со автобус, пешки, точак, такси...
Утредента ја возам колата која е осигурана претходниот ден за на технички. Технички поминувам беспрекорно и на шалтер на мвр ми бараат да го сменам датумот вчерашен со денешен.
И тука доаѓа компликацијата, денешниот датум на полисата што ќе ми го стават во осигурителната компанија значи дека колата ми е осигурана дури од утредента.

Да не ме сфати погрешно @kalimero, секогаш сум ги регистрирал колите 2/3 недели пред истек на регистрација. Парите се исти дали чекал последен момент или не.
Еднаш само ми се случи со колата на жена ми која отиде службено за Словенија на месец дена, 3 недели пред истек на регистрација. На време извадив полиса и поминав технички но на шалтер на мвр не ставија печат бидејки мораше лично жена ми па мораше да се менува датумот. Во тоа време не знаев за моментот дека осигурувањето почнува да важи по полноќ :'(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54986
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11127 на: 19 Септември 2020, 15:23:29 pm »
Тоа се законите. Законот за облигации вели дека осигурување започнува од следниот ден.

Треба да се прочита тоа, нажалост.

Многу пострашно е што народ вози а не го знае законот за безбедност во сообраќај, така да што да се очекува. Еве основни работи незнаат луѓе и не ги ни занима, а од друга страна тврдат дека е вака или онака. Ама пред кооперација важи тој муабет, на суд малку потешко. Конкретно кај нас најстрашно е што не се почитува тргање на десно кога правиш колона позади тебе. А законот налага дека треба да се тргнеш, дури и да застанеш ако треба за да те поминат. Ама кај ти со МК его ќе дозволиш некој да те помине. За инат колони поарно да има, само покус да не останеш. А опасни сообраќајки најчесто се од оваа глупост и од црвено светло. Страшното е  од создавање колони што често Бутел е исходот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11128 на: 19 Септември 2020, 15:33:11 pm »
Не е мое да ги познавам законите за облигации.
Во осигурителната компанија треба да ми укажат дека полисата почнува да ми важи од утредента и ќе си ги послушам. Ќе си извадам полиса пешки или поинаку, ќе ја оставам новата/старата кола да преноќи, и утредента ќе ги бркам другите процедури.

Проблем ми прави мвр кој се меша во законот за облигации и ми бара тазе датум на полисата.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11129 на: 19 Септември 2020, 15:35:01 pm »
Затоа најдобро во ПСС изгледа - цел пакет услуги одеднаш, да не се замараш :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.