Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1700785 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7307
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11055 на: 07 Август 2020, 10:57:54 am »
НЕ СКРОЛАЈ!

Видео од првиот џандар.

Видео од вториот џандар.

Ај писхопатов е отиден скроз, ама џандариве се бетер од него.. не знам дали се пијани или дрогирани, ама нормални не се. ;D :D

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11056 на: 07 Август 2020, 13:15:29 pm »
Тејзер имаше вториов, дури на крајот проба да го искористи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33926
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11057 на: 07 Август 2020, 18:17:04 pm »
Глупи пандури, како дозволија со нож да им дојде зад грб и да загрози живот на полицаец особено имајќи го предвид дека типот е ранет и може да направи се. Овој вториов сега треба да оди во ќорка за небрежност и загрозување на безбедноста на колегата.

Има разврсница на случајов што се случувало после тоа?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11058 на: 07 Август 2020, 19:32:32 pm »
Глупи пандури, како дозволија со нож да им дојде зад грб и да загрози живот на полицаец особено имајќи го предвид дека типот е ранет и може да направи се. Овој вториов сега треба да оди во ќорка за небрежност и загрозување на безбедноста на колегата.

Има разврсница на случајов што се случувало после тоа?
Го цвикна вториот со уште 3 куршума. Сите освен напаѓачот здрави-прави.
Еве уште една случка со потребни тон куршуми за 1 лице:
https://youtu.be/pdjcYjSsIok

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33926
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11059 на: 07 Август 2020, 19:54:08 pm »
Здрави и прави на среќа. Што ако типот му го пресечеше гркланот на пандурот кога веќе му дојде од позади и го совлада? Абе пукаш па после обдукција нека покаже што се десило го палиш па го ебеш.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11060 на: 08 Август 2020, 22:17:59 pm »
Го цвикна вториот со уште 3 куршума. Сите освен напаѓачот здрави-прави.
Еве уште една случка со потребни тон куршуми за 1 лице:
https://youtu.be/pdjcYjSsIok

Овој не е полицаец, овој е Џон Вик!  ???

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11061 на: 24 Август 2020, 21:37:37 pm »
Лапнав денес за првпат во животот казна по 12 години за 73кмх на дозволено 50..јеби га, него знае некој за колку време стига дома за плаќање налог и дали има начин да го платам пред време да не го забаталам или пак да не сум овде во некој период кога ќе стигне  па да си ја фатам бељата.. На казната ништо не пишува ништо за плаќање само прекршокот.. знам дека 45 евра ќе кошта.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2716
  • Шалабајзер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11062 на: 24 Август 2020, 21:41:30 pm »
Лапнав денес за првпат во животот казна по 12 години за 73кмх на дозволено 50..јеби га, него знае некој за колку време стига дома за плаќање налог и дали има начин да го платам пред време да не го забаталам или пак да не сум овде во некој период кога ќе стигне  па да си ја фатам бељата.. На казната ништо не пишува ништо за плаќање само прекршокот.. знам дека 45 евра ќе кошта.
Ајде нек се угоде, ни прв ни последен си, инаку скокни до било која ПС и објасни им дека немаш поима и ќе ти кажат што како, и од кога ќе платиш у банка со едното уплатниче застани до прва книжара и мавни една фотокопија на уплатницата па носи ја во ПС


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11063 на: 24 Август 2020, 21:42:18 pm »
Да, ако го платиш платниот налог во рок од 8 дена (мислам) казната се плаќа упола, но не се чека да стигне дома туку рокот почнува да тече од датумот на сторување на прекршокот.
Тркни до полициска станица утре и реши си гајлето за 1300 денари.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11064 на: 24 Август 2020, 22:02:38 pm »
Абе полицаецот младич ми рече демек за овај прекршок не важеле казнени поени и неможело да се плаќа на пола и дека требало да чекам да ми стигне дома казна која што ми кажа дека ќе кошта 45е па дури тогаш да плаќам, како и да е ќе прашам сабајле во станица можеби има измени,  а и нема ништо за глоба на записников можеби  е и така како што вели само јас сакам побрзо да ја отарасам да не ја мислам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11065 на: 24 Август 2020, 22:25:39 pm »
На записникот стои дека си прекршил член 35 ставови 1 и 5 од Закон за безбендност во сообраќај.

Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи
со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината
дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за
определен негов дел.

5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на
возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h
над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.

Оди во станица утре и бирај:
45 евра или 25 негативни бода.



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11066 на: 24 Август 2020, 22:27:30 pm »
Па нели ги укинаа книшките и поените?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11067 на: 24 Август 2020, 22:28:05 pm »
Од каде па ова?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5115
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11068 на: 24 Август 2020, 22:48:21 pm »
И мене ме зачуди за книшката,  ми рече не е за казнени ова..така ми се распадна од влечкање низ годините, сабајле ќе одам да прашам па ќе известам.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11069 на: 24 Август 2020, 23:05:47 pm »
Посебно во Прилеп секој пат кога ќе ме застанат, ме малтретираат за книшка. А како што сум малер, на секое ме застануваат. И сега во Скопје ако ме застанат, книшката во сендвич со сообраќајната, бујрум, па правете проверка.

@vladic3110 ако си од Скопје, мислам дека треба да ја платиш во Пролече, не очекувај дека ќе наидеш на гостопримство и фин однос. Кога ќе можеш апдејтирај за поените.