Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1908972 пати)

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11040 на: 30 Јули 2020, 12:37:31 pm »
Можеби немаме имот, а во л.к. мора да имаме некоја адреса заведено.
А сепак се живее на трета адреса.

Значи не станува збор за „имовање“ туку каде сме запишани.
И да не сме запишани никаде кога сме живееле вонбрачно заедно се докажува тоа. Нема да платам ако со некого живеам заедно.
Ако законот налага без разлика со кого се шетате/возите мора да се носат маски, тоа е друго, тогаш може да ја платам казната.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11041 на: 30 Јули 2020, 12:38:48 pm »
Член 2
Секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Под лична заштита на лицето од ставот 1 на овој член, се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

По исклучок од ставот 1 на овој член, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштита на лицето, ако:

– носи посебна лична заштита на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи
– престојува во двор на станбена семејна куќа,
– вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности,
патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или
– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално
растојание од најмалку два метри од друго лице.

Не пишува дека треба да се во брак или нешто слично. Како и за сите други работи кај нас. Се пишат казни од шо морат. Не дека така е по закон.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11042 на: 30 Јули 2020, 12:41:38 pm »
Епа тоа го пишав и јас, каков брак какви бакрачи.
Заедница може да се смета со секого што живееш повеќе од 1 година заедно во исто живеалиште.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11043 на: 30 Јули 2020, 12:42:00 pm »
Епа дај му доказ дека си од исто домаќинство или заедница и нема да ти пише. Инаку како да провери?

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11751
  • Архитект
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11044 на: 30 Јули 2020, 12:52:30 pm »
Многу едноставно.
Двајца во кола. Не замарај.

Ако има повеќе во кола, замарај.

На крај краева, полицаец е нека се снајди.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11045 на: 30 Јули 2020, 12:57:58 pm »
Епа дај му доказ дека си од исто домаќинство или заедница и нема да ти пише. Инаку како да провери?
А како може од ракав пишување казни? Нека провери дали се во заедница, тие двајцата му изјавуваат дека живеат заедно. Ако овој го негира тоа и повторно пишува казна, не знам кој прави поголем прекршок.  :-[ Нека си праша роднини/комшии или не сака да се замара да провери одма казната? Тоа според твојата логика ама според мене не смее без да провери.  :-\

едит:
Како што пишав, 1 година се смета и треба да заверат на нотар. Ова треба да се провери дали е сменето:
https://tera.mk/registratsija-na-vonbrachna-zaednitsa-kaj-notar/

btw постоело и вонбрачно сродство.  :-[
« Последно менување: 30 Јули 2020, 13:14:28 pm vandex »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16733
  • Keep it 100
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11046 на: 30 Јули 2020, 13:15:56 pm »
Епа дај му доказ дека си од исто домаќинство или заедница и нема да ти пише. Инаку како да провери?

Да се залапаш пред него да види дека сте заедно.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11047 на: 30 Јули 2020, 13:18:05 pm »
„Лапањето“ не значи дека некој со некого живее заедно. Тој/таа може да бидат со повеќемина во интимни врски/односи.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11048 на: 30 Јули 2020, 13:25:27 pm »
Да, де може да се браќа дечките.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11049 на: 30 Јули 2020, 13:30:59 pm »
Со девојка ми ни пишаа казни на влез во Дојран зошто не сме носеле маски на лице во кола. Беа само 10 евра пошто ги плативме во рок од 10 дена, ама да си пазите периодов, пошто и тоа се дешава.
Мене пред недела дена ме застанаа, накај 11 вечер, ни ја ни девојка ми маски, само ми побара документи виде и ми рече имајте убава вечер


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6538
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11050 на: 30 Јули 2020, 13:36:15 pm »
За алкохол беше тој полицаец.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11051 на: 30 Јули 2020, 13:40:10 pm »
За алкохол беше тој полицаец.

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11052 на: 30 Јули 2020, 14:42:23 pm »
Ќе му поведат дисциплинска постапка ако те казни за маска, а го пуштиле да казнува пијани возачи ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11053 на: 04 Август 2020, 17:19:20 pm »
Дечки, дали некој има примерок од молба до сообраќајна полиција за доставување на записник од сообраќајна незгода?

На страната на МВР не најдов ништо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11054 на: 07 Август 2020, 09:32:31 am »
НЕ СКРОЛАЈ!

Видео од првиот џандар.

Видео од вториот џандар.