Пред некоја вечер, ми се случи да закочам ептен кнап на пешачки (возев 30 или така нешто, а и угорница фаќа), а двајца минуваа преку него. Или минувале, не ги ни видов бидејќи зјапав во мобилниот, а беше темно. Мноогу ретко го чепкам додека возам, да се јавам на повик или така нешто, добро ми дојде вакво предупредување. Им се извинував 2 минути. Едвај се разбравме дека беа студенти од Турција. Ме уби совест цела вечер и уште се чувствувам грдо. Они веројатно ми отерале мајки - шајки отпосле и ми заборавиле, јас уште им ја памтам фацата и на двајцата, не им беше со страв, туку со гнев и чудење.
Сместа би си ја одзел возачката да можев. Иако ми е потребна премногу дека возам секој ден до работа и назад. Веќе чепкање по телефон за мене додека возам - амин.