Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2102553 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10320 на: 26 Јуни 2019, 11:26:25 am »
Види, ако ставиме половина македонија камери во колите ќе видиш тој закон како ќе се промени. Ова е вака сега за да се искриви вистината и појакиот (со врски) да победи. А и како што почнуваме да ставаме камери и по куќи, станови, дворови за 5 години оваа глупост со заштита на лични податоци ќе ја нема.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10321 на: 26 Јуни 2019, 11:41:12 am »
И треба да ја снема, улиците се јавна површина, нема потреба да ограничуваат снимање со камери. Сепак, се нашол некој паметен да донесе така глуп закон.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10322 на: 26 Јуни 2019, 11:53:32 am »
Баш ме интересира аконјас имам снимка каде не сим виновен а судија досуди обратно, па ја пуштам по медиуми како ќе биде.
Битноме да не се истрчувате да се фалите дека ја имате. Џокер нека биде.

Сетете се со дадилката како беше.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10323 на: 26 Јуни 2019, 11:57:33 am »
Дадилката беше снимана дома, не беше снимана на јавна површина. Тоа е разликата :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10324 на: 26 Јуни 2019, 12:09:27 pm »
Никој нема да објави снимка како си пијам пивце, не се интересни тие снимки.
Но следниве примери се интересни за објавување:
Ако случајно ми влезе во кадар терорист како растура со автомат и ја објавам снимката?
Ако возач прегази пешак?
Ако некој сере на тротоар?
Ако вип личност дели шамари?
итн

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10325 на: 26 Јуни 2019, 12:55:29 pm »
Дадилката беше снимана дома, не беше снимана на јавна површина. Тоа е разликата :)

Паа.... ако не е предупредена дека има камера и дека снимаат, исто снимката е незаконска. :-)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10326 на: 26 Јуни 2019, 13:02:57 pm »
Дадилката беше снимана дома, не беше снимана на јавна површина. Тоа е разликата :)

Паа.... ако не е предупредена дека има камера и дека снимаат, исто снимката е незаконска. :-)

Точно, треба соогласност да добијат, освен ако камерата не е поставена од соодветна институција за лица кои се под посебни истражни мерки или како и да се викаше тоа.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10327 на: 26 Јуни 2019, 14:05:14 pm »
Ако ги прочитате двата закона, посебно одредбите што ги туриле во статијата ќе видите дека секакви глупаци пишуваат статии и си ги толкуваат како што ќе им текне. Помеѓу другото, интересно е од каде авторот ја откопа казната од 400е?

Да не образлагам понатака, нема потреба :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10328 на: 26 Јуни 2019, 14:40:41 pm »
Дадилката беше снимана дома, не беше снимана на јавна површина. Тоа е разликата :)

Паа.... ако не е предупредена дека има камера и дека снимаат, исто снимката е незаконска. :-)

Не е така. Снимката си беше употребена во судска постапка и осудена е жената. Пишува во законот за кого важи законот, за кого не важи, што треба и што не треба да се снима, од кого треба согласност итн.

На кратко: Дома можеш да си снимаш колку сакаш и каде сакаш, без било кого да известуваш за тоа. Зборам за снимање дома, не двор, не улица пред куќа, не на кров камера да ставиш. Зошто и како смееш да ги употребиш тие снимки е веќе друго.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 899
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10329 на: 26 Јуни 2019, 14:43:25 pm »
Ако ги прочитате двата закона, посебно одредбите што ги туриле во статијата ќе видите дека секакви глупаци пишуваат статии и си ги толкуваат како што ќе им текне. Помеѓу другото, интересно е од каде авторот ја откопа казната од 400е?

Да не образлагам понатака, нема потреба :)
А може со казнени поени да се помине? И дали има попуст за плаќање у првите 8 дена? ;D

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10330 на: 26 Јуни 2019, 14:49:19 pm »
Да, доколку снимката да ја избришеш пред чичкото на шалтерот :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10331 на: 26 Јуни 2019, 21:24:10 pm »
Баш убаво ќе изгледаше господин Скролач на телефон со Корса што ќе ме покосеше завчера кај Фершпед, криво ми е такви таленти кога ќе останат не уснимени.
 
Не да пројде на црвено, трула вишња беше семафорот негов, бидејќи мојот беше сигурно 20 секунди зелен.
Него тие не се опасни, застани стопирај на автопат за секој случај.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10332 на: 26 Јуни 2019, 22:36:52 pm »
i tie i tie da se kaznat

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10333 на: 01 Јули 2019, 19:03:41 pm »
Колкава е казната за нерегистрирана приколка ?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10334 на: 07 Септември 2019, 23:20:42 pm »
Денес после патарина Желино ме застана полициска контрола и контролираа фолии.
И пред мене и позади мене што беа застанати се објаснуваа за фолии.