Ако некој психолог почне да ги анализира соседите гарантирам дека ќе изнајде ново психолошко пореметување и тоа пореметување ќе го крсти по нив.
Инаку за овие 26-27 години додека живеам тука,сум се изнагледал многу случки кои ниту во шпанските серии гарант ги нема.
Целиот град ги знае и сите ги избегаваат,но јас сум тврд орев и ќе останам тука до крај.
Инаку со колега се договарав да дојде облечен како Оџа и да изведува некои движења за растурање на магијата,малку да си ја направам интересна.