Претседател на Врховен суд е обична позиција исто колку што премиер на држава или генерален директор на голема фирма е обична позиција.
Претседател на Основен суд е малце по обична позиција од претходниве, али повторно се работи за јавна функција и за одговорно лице во дел од судската власт во државата.
И за едната и за другата позиција изборот и начинот да се дојде до таа фунцкија е многу по различен отколку начинот за вработување во било која приватна или државна фирма на нераководно место.
Претседателите на судовите, директорите, политичарите, покрај тоа што имаат надпрочесни плати, многу побитно имаат и голема моќ, влијание и можност за екстра профит.
Вработен во МЕПСО на непозната за него работна позиција, без компјутер за работа, кој во 8 работни саати троши 3 на пиење кафе и 4 на оговарање нема амбиција и нема простор за екстра профит преку неговото работно место, затоа што не ни знае што му е работата.
Две сосема различни категории. Првите за да можат да си "работат" на раат, ги искористуваат вторите кои се задоволуваат со "државно си е државно" за да ќутат и бидат задоволни.
Политичариве од осамостојување до денес направија единствено со државна работа да се има некаква стабилност, направија плата од 500 евра да е сон за мнозинството, а со таа плата реално едвај се преживува со денешните цени, а не па да остане нешто на страна.