Сите ние сакаме правила, и сите ние се лутиме кога се почитуваат.
Многу интересна ситуација имав пред околу една година, бев на отворен ден во Центарот за Управување и Контрола на Сообраќајот, преку кој се контролираат семафорите и се следат камерите, итн. И се разви дискусија, технологијата е прилично кул, итн. На истиот отворен ден беа и претставници од НаХејт, овај, НаТочак - и кога од самиот центар им кажаа дека велосипедистите не ги користат велосипедските патеки (и оние на тротоарите, и оние одделените по булевари) одма настапија агресивно и хејтерски, како што и обично прават.
Нејсе, поентата ми е - сите сакаме да има правила, ама и сите се лутиме кога нè тераат да ги почитуваме. Не може така.
Во секој случај, и јас се согласувам дека многу од ограничувањата се архаични, несоодветни и поставени за покажување пред народ (и за пишување казни). Сметам дека и казнената политика е многу погрешно конципирана, ама тоа се веќе други муабети.