Кацига мора да се носи ако не за себе за другите околу тебе.
Случка пред недела дена на кривината кај скопјанка во правец од аеродром према центар, момак со Скарабео саглам го јачаше меѓу коли, ќе се мавнеше пред три бисери ама спаси гз, кај Хепи на автобуската имаше вода на цела улица од тревниците што ги полеваат и изгледа му се натопија гумите и на кривината влезе бааги брзо лизна мавна у ивичњакот он летна а моторот се одби и удри во калибрата на која моторџијава и влезе од лева страна меѓу тротоарот и колата (мислам дека беше форумска калибра), застанавме сите зошто овој баги леташе, дечкото од калибрата се исклучи, почна да плаче да се тресе да блада дека он не го видел незнае како го удрил, а дефакто не ни го удри туку моторот се одби и удри во колата.
Среќа што носеше кацига моторџијата, додека се вртеше и маваше од дрва и ивичњаци неколку пати се имаше мавнато со глава. Жив беше и при свест само рече да го тргнат моторот и одма да го однесоа во болница, а возачот на калибрава уште пола саат неможеше да дојде при себе, ни крив ни дужен ако никој не виде што и како беше ќе го лежеше тркачов.
И ај сега објасни ми како носење или не носење ќе ја смени ситуацијата кај "другите околу тебе" или еве, во конкретниов случај, што би се сменило кај возачов од вектрата? Да речеме, ќе погинел моторџијата ако не носел, што ќе смени тоа кај "вектрашот" евентуално?
Ова е една од војните што ние како моторџии ја водиме со законот и плитките размислувања... Ако не носам кацига, мој ризик, мојот живот на коцка е турен... Траума на возач на кола, од блесав моторџија е веќе лично до човекот и неговите нерви... може да му се деси траума и ако удри со гума во ивичњак, да им туриме АБС траки на сите ивичњаци? Или ако падне дрво на пат, што тогаш? Да ги исечеме дрвата?
Или сега ќе се најде некој да ми објаснува околу економијата, здравството и финансиите што ФЗУ ќе ги потроши лекувајки ме или ако останам инвалид ќе имам бонуси во форма на државно олеснување? Па ок, нека плаќа државата, ја ебени 20+ години плаќам даноци, па немам ништо до сега од тоа...
Да се разбереме, дека јас ИНСИСТИРАМ ДА СЕ НОСИ КАЦИГА!! Јас лично мои поседувам 11, сопругата 8, а децава мои по 3... Тоа се 25 кациги во едно семејство и не сум ги купил за украс... Да не зборам дека досега 15-тина сме фрлиле... Имаме и комплетни заштитни одела и сето тоа кошта илјадници евра во заштита за која ЈАС сум одлучил дека треба да ја има, уште пред да донесат закони за задолжителна кацига и дел од опрема...
Но, и јас самиот понекогаш кршам правило, па возикам без кацига, но да речеме 95% од времето пројдено на мотор ми е со кацига, само во нај жешките августовски денови, низ град само, знам да ја извадам и тогаш возам многу полека...
Уште еднаш: мој избор е тоа дали ќе носам или не кацига, за мојот живот се работи, не за туѓ... Тоа е закон за праење пари у буџет, а не за незнам ти што... И е неуставен и недемократски... И ќе се смени за брзо време... Многу неписмен народ е на власт.... Исто како што на шилегов му ја избивме од глава идејата за паркинг на мотори... Поголема глупост одамна немало... Исто и ова твоево е... Кацига морало да се носи и заради другите околу тебе, ако не веќе за тебе само... Чиста глупост.. Кацига ако носам е само и само за мене и никој друг... Во сообраќајот има многу такви ситуации.. Ако не си спремен да ги доживееш, не седнувај зад волан...
