@MecheTo ова со таблиците дефинитивно им е некоја нова финта. Пред недела-две ме застануваат на рекорд, стандард процедура со документи и све. Зима сообраќајна госпоѓица жандармерка и нешто ми се мафта пред кола. Се враќа кај Јетито со другите четворица колеги (радна акција, да не не можат да постигнат), иде пак кај мене пред кола, ме глеа у браник нешо. Доаѓа на прозор:
- Дечко, не ти се оригинал таблиците.
- Молам? Како мислите не се „оригинал“?
- Па така, не ти се оригинал, иди на технички да ти ги проверат пошо xxx евра е казна.
- Ама не, објаснете ми какви се тие оригинал таблици, стварно не ве разбирам, јас колава ја иам од октомври месец и не сум ја чепкал.
- Оди на технички и ќе ти објаснат.
И толку, ме пушти. Застанувам после некое време, ги проверувам таблиците со лампа, сребрените жигови со МК и вентилаторот си се гледаат и напред и позади, а она за предната ме гњавеше.
Најмногу ме напна моментот дека новопечената џандарка очигледно врска немаше што збори, само го расфрлаше зборот „оригинал“, небаре за Гучи саат од фејсбук огласи станува збор. Единствена ствар со предната таблица е дека е извадена пластичната рамка, што она у ниеден момент не спомна дека е проблемот. Ако ова е неправилно, ве молам кажете ми вие.
Се слушнав и со стариот газда после тоа, го прашувам дали правел глупости со таблицата и таков збунет „... Не бе, само пластиката ја тргнав за поубаво да изгледа.“