Во четвртокот еден слепец ме закачи дур бев паркиран и сеуште не излезен од кола.
Ајде европски записник и денес одиме во осигурителната компанија и се по ред и вика ааа не, ако сакаш да поднесеш за претрпен страв и стрес, треба записник од полиција дека имало повредени... Му велам, не сме повредени, на сопругата и се слоши после тоа и се јавивме на брза помош, отидовме, скокнал притисокот, диазепам ова она и толку. Она се уплаши пошто од кога излезе, се засолни напред пред клола за среќа па не ја собра и неа па кога и текна шта би било кад би било, и се сврте троа... До душа бааги слупа и мене не ми беше сеедно оти бев сеуште внатре...
Одам сега у полиција да се консултирам шо е како е и ми потврдува полицаецот дека отишол возот во врска со нематеријална штета...
Ми кажува дека ако сум сакал така, требало да си викнам полиција на лице место и по 250 евра на двајцата па после на суд да се решава кој бил крив... Ок му викам, ај чао.
Значи ако не дај боже, дај боже прво 250 евра па после ќе видиме, така или пропуштам нешто?
Се на се не верувам дека има штета повеќе од 100-150 евра пошто само гребаници има и тоа повеќето од неговиот ретровизор. Треба ли за тоа да се вика полиција?