Во старо-новиот закон за безбедност, возењето под дејство на алкохол се казнува со издавање мандатен платен налог и за таков платен налог не е предвидено плаќање на половина од предвидената казна во рок од 8 дена.
Кога се пропишува казна со прекршочен платен налог, тогаш има опција половина од предвидената сума да се плати во рок од 8 дена.
http://moi.gov.mk/Upload/Documents/zbsp%20169-2015.pdfЕве го законот, член 228 регулира возење под дејство на алкохол, казните се со мандатен платен налог, а во член 383 и 384 е предвидено на кој начин се плакаат изречените казни, да не ги цитирам тука, големи се членовите.
ЕДИТ: Штом имате опција или парична казна или казнени поени, тогаш немате опција половина од износот, бираш меѓу парична казна или казнени поени.
Кај прекршочен платен налог имате само парична казна, нема опција казнени поени, затоа таму има опција половина од паричната казна во рок од 8 дена.