Другари, нема „релевантни“ и „ирелевантни“ прекршоци. Има прекршоци и има придржување до правила. Со тоа што има многу казнување докажуваме дека просечниот македонски возач е недисциплиниран.
Со оглед на тоа што сите сакаат да учат од туѓи грешки, од еден казнет ќе имаш тројца кои повеќе ќе пазат нареден пат кога ќе влезат зад волан.
Вас ви смета селективноста на индивидуи кои се казнуваат. Ви смета тоа што вас ве казнува, а не го казнува тој со Аудито што го направил истиот прекршок. Тоа е она кое треба да се искорени, а не „релевантни“ прекршоци.