Една вечер се враќам по полноќ накај дома со невестата, а вечерта имаше низа настани и муабети што ме наQурчија ептен, мислам дека огин фрлав од очи. И така наQурчен возам по празна партизанска 30 км/ч, неприродно споро, и кај Влае гледам џандари, тој мајмунот само што ме здогледа на хоризонт почна да мафта да застанам. И уште тој ми фалеше на целата нервоза, лазам покрај него со колата, го поминувам полека, уште лазам и застанувам на некои 40-50 метри од него. И стојам, чекам да дојде, видов нешто мафта да се вратам назад, ја го игнорирам, и си чекам во кола. Поминаа сигурно 5-10 минути чекајќи го, ама од шо бев нервозен бев спремен и да ме раздени ако треба, ама не му се враќав назад.
И ете го дојде, документи дај-на, ... ме загледува.... ме гледа и не му е јасно што е со мене, пијан ли, дрогиран ли, а ја едвај чаша вода испив цела вечер, од нервоза ми идеше да кршам чаши а не да пијам што и да е.
„Господине, да дувате!“
„Дај одма дувам...“ му викам со прилично наQурчен глас. Ме зјапа.... ме гледа... гледа-бара внатре во колата нешто невообичаено, немаше што да види, ја гледа невестата, таа ќути..... виде не виде, само ми ги подаде документите, се сврте и си отиде, ни збор не кажа......