Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2107646 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2205 на: 18 Јануари 2013, 12:33:36 pm »
Епа океј ондак, се разјаснија неколку работи...

Сеа можам комотно скоро ич да не пијам и да возам, пошто нити возам многу многу у задно време, а богами ни каско неам :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2206 на: 18 Јануари 2013, 12:39:58 pm »
Кога не важи каско:

Исклучени ризици
Член 5
(1) Осигурувањето, склучено под овие посебни услови, не ги покрива штетите на осигуреното возило или во врска со него,  причинети од или како последица на:

    Нерегистрирани возила;
    дејствија со умисла, непреземање дејствија со умисла или груба небрежност од страна на ОСИГУРЕНИКОТ, на негови блиски, на негови законски претставници или ополномоштеници, на лица  на кои од страна на ОСИГУРЕНИКОТ законски  им е наложено да го управуваат, чуваат или поправаат осигуреното возило, на возачот на осигуреното  возило или на лица кои се превезуваат во осигуреното возило;
    Кршење на стаклата  на возилото од било која причина;
    управувањето на возило, кое е исклучено од сообраќај согласно законската регулатива;
    како резултат на принудни дејствија од државни или општински органи или како резултат на принудно извршување  според законот кој е во сила;
    учество на возилото во секаков вид на натпревари,  тренинзи, испитувања и др. слично;
    ненаменско користење на возилото во согласност со одредбите од ЗБСП и Законот за Возила;
    дејствија со злонамера или непреземање дејствија со умисла од лице, кое ја врши работата со корисна цел, со соучесништво на ОСИГУРЕНИКОТ или било кој близок на ОСИГУРЕНИКОТ и на претставник на  ОСИГУРЕНИКОТ .
    дејствија со умисла, непреземање дејствија со умисла на ОСИГУРЕНИКОТ  и/или на негов близок, или претставник насочено кон исценирање на  осигурен настан;

            9) управување на возилото од страна возач-почетник кој го управувал возилото недозволено за неговиот степен на обученост согласно ЗБСП и јачина на моторот поголема од определената во ЗБСП за категоријата возач-почетник и другите ограничувања за возач- почетник пропишани во ЗБСП;
            10) управување на возило од возач кој не поседува возачка дозвола или возачка дозвола која не е соодветна за категоријата на возилото кое што го управува, возач на кој што му е изречена мерка забрана за управување со моторно возило за периодот додека трае забраната, како и непродолжена возачка дозвола над стросниот лимит на возачот пропишан во ЗБСП, за кој е потребен доплнителен лекарски преглед и слично;   
11) управување на возилото од возач кој конзумирал алкохол над дозволената граница и
употребил опојни дроги или други психотропни супстанци спротивно на одредбите од ЗБСП. Се смета дека возачот е под дејство на алкохол, ако со анализа на крвта или друг  метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохол во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг алкохол во организмот, или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарат за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0,50 г/кги доколку има повеќе од 0 г/кг алкохол во организмот ако е возач почетник или ако е возач за останатите категории на возачи согласно ЗБСП, за кои постои забрана за управување на возило, ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност.
Се смета дека возачот е под дејство на алкохол, без оглед на количеството на алкохол во организмот,

        ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. Хемофилија)
        ако по сообраќајната незгода, но пред вршење на алкотестирање според утврдената процедура од страна на надлежните органи, избега или одбие да се подложи на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта
        возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување неговата дрогираност.

 12) ако штетата е причинета од груба небрежност, во која се смета, управување со брзина на движење поголема од 50% од максимално дозволената, или намерно движење по пат со големи оштетувања на коловозните ленти.
 13)непридржување кон  прописите на надлежните органи, поврзани со движење по забранети и означени делници, патишта, движење без ланци, движење со приколки и полуприколки, движење со истрошени гуми и/или со гуми несоодветни  за условите на патот;
14) Полисата на Евро каско не може да биде искористена истовремено за барање оштета со полиса на каско за еден ист осигурителен случај.

(2)  ОСИГУРУВАЧОТ не должи обештетување на ОСИГУРЕНИКОТ, ако се утврди  дека:

    постојат податоци, дека на ОСИГУРУВАЧОТ му се доставени неавтентични документи или документи со неточна содржина, независно од тоа дали ОСИГУРЕНИКОТ, односно ОСИГУРУВАЧОТ знаел дека соодветниот документ е неавтентичен  и/или неточен;
    осигуреното возило незаконски е внесено во земјата, независно дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето;
    осигуреното возило не е регистрирано од надлежните органи според законот, независно дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето;
    осигуреното возило не му припаѓа на лицето кое е пријавено како сопственик пред ОСИГУРУВАЧОТ;
    бројот на шасија на осигуреното возило не се совпаѓа со бројот на шасијата на  произведените возила од истиот тип и модел, согласно базата на податоци на фирмата производител или воопшто не постои во базата на податоци на производителот на тој тип и модел на возило, независно дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето, освен ако  констатирана несоодветност во броевите на шасијата на осигуреното возило се должи на објективни причини и истите се докажат од страна на ОСИГУРЕНИКОТ со документ издаден од производителот на возилото или од надлежен државен орган. Исто така, ОСИГУРУВАЧОТ не го плаќа обесштетувањето, ако се  пронајде несоодветност меѓу бројот поставен на шасијата на осигуреното возило, со бројот запишан во сообраќајната дозвола за возилото;
    ако ОСИГУРЕНИКОТ намерно го доведе во заблуда ОСИГУРУВАЧОТ или со измама од страна на договорувачот на осигурување или корисниците на осигурувањето со давање на неточни податоци поврзани со бројот на шасијата на возилото или кога се работи за украдено возило;
    осигуреното возило се наоѓа на територијата на Р.Македонија по истекот на рокот на специјалниот царински режим, без исполнување на соодветните царински и даночни барања, независно од тоа дали тој факт му бил познат на ОСИГУРЕНИКОТ, односно на ОСИГУРУВАЧОТ, при склучување на осигурувањето;
    постои обид за измама или заблуда на ОСИГУРУВАЧОТ од страна на ОСИГУРЕНИКОТ , при склучување на договорот за осигурување и/или при  побарување за исплата на обесштетувањето од осигурувањето и/или при докажување на настанот кој е осигуран и/или при проценка на штетите;
    осигуреното возило било предмет на договор за продажба  со исплата со задржување на сопственоста според македонското законодавство од областа на залог на движни предмети, без претходна писмена согласност на ОСИГУРУВАЧОТ за тоа;
    во моментот на осигурениот настан возилото служи за обезбедување на долг на ОСИГУРЕНИКОТ или на трето лице, без да постои претходна писмена согласност на ОСИГУРУВАЧОТ за тоа;
     ОСИГУРЕНИКОТ, негов близок или негов преставник со умисла, поради незаинтересираност, поради неподготвување, поради неподнесување или поради ненавремено поднесување на документ во врска со осигурениот настан, го лиши  ОСИГУРУВАЧОТ од правото да достави регресно барања кон причинителите на штетата;
    постои неточно пријавена и/или премолчана состојба од страна на ОСИГУРЕНИКОТ или негов претставник во врска со случувањето на осигурениот настан.
    Осигуреното возило било користено за вршење на превоз на патници како такси возило, или било изнајмено за користење како рента кар возило.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2207 на: 18 Јануари 2013, 12:42:16 pm »
Овие точки бараат внимание:

 12) ако штетата е причинета од груба небрежност, во која се смета, управување со брзина на движење поголема од 50% од максимално дозволената, или намерно движење по пат со големи оштетувања на коловозните ленти.

Значи, ако шибаш 100, а ограничување 60 - кур каско

 13)непридржување кон  прописите на надлежните органи, поврзани со движење по забранети и означени делници, патишта, движење без ланци, движење со приколки и полуприколки, движење со истрошени гуми и/или со гуми несоодветни  за условите на патот;

Ако возиш со летни гуми во зима и ако се учукаш може да не видиш денар! Во претходната фирма лизинг компанијата која ни даде возила на лизинг рече дека морале да имаат зимски гуми ради каското.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2208 на: 18 Јануари 2013, 12:43:33 pm »
Затоа секогаш се вози 29кмч над дозволеното.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2209 на: 18 Јануари 2013, 12:48:21 pm »
Затоа секогаш се вози 29.9 кмч над дозволеното.

 ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2210 на: 18 Јануари 2013, 12:50:08 pm »
Куршум не те бие, и не те сече сабја!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2211 на: 18 Јануари 2013, 19:25:50 pm »
Не знаете колкаво дејство на алкохол имал. Не се палете. Иако ако е над 0,5 не би смеело да му се исплати каско во ниеден случај.
Toлеранција е нула.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2212 на: 18 Јануари 2013, 19:30:33 pm »
....  ;)
« Последно менување: 19 Јануари 2013, 08:55:51 am Cuore Sportivo »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2213 на: 18 Јануари 2013, 20:20:09 pm »
Не знаете колкаво дејство на алкохол имал. Не се палете. Иако ако е над 0,5 не би смеело да му се исплати каско во ниеден случај.
Toлеранција е нула.

Taka e!  ;D


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2214 на: 19 Јануари 2013, 00:59:04 am »
Не знаете колкаво дејство на алкохол имал. Не се палете. Иако ако е над 0,5 не би смеело да му се исплати каско во ниеден случај.
Toлеранција е нула.

Чим во записник е пишано дека бил под дејство, значи му дале да дува... Кога веќе покажало, колку и да покажало, јбг, не праи разлика, отишло у полициски записник како возење под дејство на алкохол.

Није истина.

Над 0.5 ако имал нема да му платат, до 0.5 смее да вози па си се исплаќа каско најнормално. Секако има нели категории возачи кои не смеат да имаат над 0.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2215 на: 20 Јануари 2013, 21:16:06 pm »
Куршум не те бие, и не те сече сабја!

Освен на стариот пат за катланово, каде што е ограничено 40, а исто така и ќе те репнат за она другото:

Цитат
или намерно движење по пат со големи оштетувања на коловозните ленти.

Значи ич не зимај каско у државава, зошто нема да смееш од гаража да ја истераш колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2216 на: 20 Јануари 2013, 22:50:19 pm »
^Moже на кривина да те изненади некој кратер и да отидеш у курац и никому ништо маме им ебам.

Муабетот со каското типот имал 1.8 кога дувал.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2217 на: 21 Јануари 2013, 12:26:21 pm »
1.8?!

Не заслужува да вози, а не па каско штета да му исплаќа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2218 на: 21 Јануари 2013, 17:32:36 pm »
Јбг....

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2219 на: 26 Јануари 2013, 17:29:40 pm »
vcera ko se vrakav dfoma se manaja pred mene... su ima sreka... kraj 5 satyot sabajle. Ustavri denes ispaga deka bilo...