- Добар ден. Сте ми ја згрешиле адресава на личната карта, комплетно друга адреса има.
- Па добро бе дечко, што не пазиш која адреса ставаш кога пополнуваш барање? Гледаш колку гужва има.
- Може ли да ми го дадете барањето што сум го пополнил, да ја увидиме грешката?
После 5 минути зад шалтерот.
- Ама дечко, ти имаш промена на место на живеење.
- Да. Ми побаравте имотен лист како доказ за ново живеалиште, и никаде јас не пишав никаква адреса... Вие од имотниот лист сте препишале погрешно.
- Колега, пиши техничка грешка. Дечко, дојди за недела дена за нова лична карта.
Оригиналната адреса нема допирна точка со погрешената. Така да, проверка на документи веднаш. Што е најжално, кога си ја земав личната карта, прво што проверив беше име, презиме, матичен број, и број на улица, не надевајки се дека е можно комплетно да го утнат името на улицата.