@Diesel Ау, тебе ептен ти се споиле жиците штом олку бурно реагираш.
Иако, се осеќам почествуван штом толку бев цел на проучување и пишење есеј на празничен ден не за друго.
А фала ти и за комплиментот дека ме сметаш за интелигентен иако денешно време поарно е да си снаодлив
отколку да си паметен, паметта не врши толку работа колку финтите. А посекако ти пожелувам да си се
ослободиш од нервозата дури и сфаќајќи дека не си секогаш во право.
Уште еднаш за судот (на јавноста), јас не пропагирам возење брзо или во состојба на пијанење туку сум
загрижен заради тоа што џандарите имаат лошо штелувани мерила за брзина и алкохол па така некој
НЕВИН ќе настрада или ќе биди казнет престрого. Иначе има чл.19, чл.20 и чл.21 од закон за прекршоци
кои велат дека можи да се ублажи казнената санкција. Тоа е законски одредено, а законите и начелата
на правото и судската пракса велат треба да се примени одредба поблага за обвинетиот или странката.
Баш заради немањето обѕир правниците, судиите и судовите влечат многу ниско мислење од јавноста.
Тука се налага прашањето дали - ако мора сите обвинети да се виновни - воопшто е потребно да има
постоење на правници и судови? Па ако треба и полицијата да те стрела на лице место ако смета дека
така е потребно. Не е битно дали е можно дали некој е невин или недоволно крив за толкави казни,
битно е да се демонстрира надмоќ и сила, неважно е дали е во судница, на полициска контрола или
на себеси сметан јак маж зад тастатура, битно е да се прозиваат луѓето да видат прави мажи ама
според стандарди на лица опиени од воља за надмоќ кои нормално се поправи мажи од правите,
изгледа толку многу што уште малце и тестостеронот низ уши ќе им истекува. А веројатно и по таа
логика за да си прав маж ќе мора и животот да си го изгубиш само за самопрогласениот појак маж
да те смета за доволно јак маж за да му служиш и да правиш да се осеќа како најјак маж.
И повторно, што ако некој е невин или не знае дека е крив односно не може да знаел дека прави
нешто што не треба? Битно појакиот маж да се осеќа како најјак маж, да си скрие и незнаењето
да сфати дека можеби не е најпаметен, не е најјак било маж или правник кој не ги знае доволно
прописите или не ја погодил финтата.
Уште еднаш, не пропагирам неодговорно однесување туку начини да не те наместат џандарите
да трпиш казна која не си ја заслужил бидејќи мерилата им се неисправни.
А за пијанство, ако човек е пијан нема да можи да влези в кола камоли вози.
Пред некој ден пишеле медиумите дека некој имал 4,0 алкохол. Тоа не е можно. Со толку ќе
е во несвест или кома пред смрт. Мој заклучок е дека дефект им е дрегер апаратот.
Не велам да се прави како наведувам, туку пишам мислење според пренесени искуства, а иначе
на јавен форум секој има право да си го искажи мислењето. Ама можеби е подобро да се прави
цензура? Да станеме тоталитарно општество? Само одбраната елита да прави што сака а други
како што ќе ни кажат? Не е битно, важно појакиот маж да си се осеќа како најјак маж.
А иначе, ако се направат законите да не се пие кога се вози, да си на нула како професионални
шофери, и јас ќе соодветно делувам. Сега е дозволено, па не гледам што се буни некој, освен
ако не му за да се прави на најпаметен и нормално најјак маж.
А за памтење каде се џандарските контроли, тоа е и во склоп на регулатива на европска унија,
каде има мерач за брзина мора да има знак дека го има, а не педерски да се кријат, а освен тоа
и за да знае човек да намали и доста помалку од она што е пишано бидејќи и да си 100 каде е
100 барано подобро е да си 60 бидејќи можно е да џандарскиот неправилно штелуван мерач да
покажи 200 па кога ќе дојди новото кривично дело безобѕирно управување со возило да се случи
најголемиот срам не само за правосуден систем туку и едно цивилизирано општество а тоа е
НЕВИН ЧОВЕКА ДА СЕ ЗАТВОРИ.
Историјата на правото вели има т.н. сооднос на блекстоун (blackstone ratio) кој вели дека е подобро
10 виновни да се ослободат отколку 1 невин да настрада, бидејќи се случувале луѓе да се осудат
за убиство и бидат погубени па после се утврди дека наводната жртва била жива односно биле
невини.
А полицајците и судиите зошто и да не бидат посрамени, кога веќе не делат правда туку надмоќ.
Ако типот кој бил 133, признал и се покајал, зошто не помина само со опомена? Јас мислам дека
бидејќи не дал мито, а се очекувало. И како доверба во правосудството? Ете и случајот кај
млечен ресторан скопје, судијката го ослободи парајлијата кој веројатно подмачкал како треба
и добил условна казна иако и порано правел иста глупост и порано убил луѓе.
А за судски преседани, има ама селективно се применуваат - и намалување на казна и само
опомена и само 30 дена забрана. Кој сака нека провери, а кога ќе видиш имињата на тие
осудени и сфатиш кој се, јасно е како и зошто добиле олеснувања.
Ова ти е исто како романот животинска фарма на џорџ орвел - сите животни се еднакви, ама
некои животни се поеднакви од другите. Можеби и ти не си бил од подобните.
А ако си навистина правник, како тогаш ако знаеш дека си крив си се бранел како да си невин?
Тогаш тоа е неетичко однесување и таква личност треба доброволно да си се откажи од
дипломата. Никогаш не е доцна за влез во бизнисот со тоалетна хартија, особено со овие цени.