Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822451 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12840 на: 07 Јануари 2023, 22:38:52 pm »
Чуек, ниту едното ни другото не се јаде...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • Пиши лаже
Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12841 на: 07 Јануари 2023, 22:38:59 pm »
Новела рече...

Олабавете малку не вреди да се замарате за буквално ништо. :)



Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12842 на: 07 Јануари 2023, 22:39:49 pm »
Овја Боше пак не ни јаде...
Зел пие нешто туека... Кј ти е мезето, море, луд!

Поминаја постиве!
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5148
  • Пиши лаже
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12843 на: 07 Јануари 2023, 22:42:51 pm »
Аа не , нема мезе и јадење, доцна е. Диетално терам за со кичмава ја.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12844 на: 07 Јануари 2023, 22:46:38 pm »
Чуек, ниту едното ни другото не се јаде...

Кажи ти кај беше месец-два? Кога ќе даеш Сузукито да го плукаме?

Тоа се битни прашања.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12845 на: 07 Јануари 2023, 22:57:37 pm »
Чуек, ниту едното ни другото не се јаде...

Кажи ти кај беше месец-два? Кога ќе даеш Сузукито да го плукаме?

Тоа се битни прашања.

Ете, не те разбирам, мајку му...
Ми препорачуваше тоа да купам, за да го плукаш?
Де бре, Дизел, да га ебу... шо ти се случи?
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12846 на: 07 Јануари 2023, 22:58:39 pm »
Дизел е самурајот?

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12847 на: 09 Јануари 2023, 13:53:37 pm »
@Diesel
Ау, тебе ептен ти се споиле жиците штом олку бурно реагираш.
Иако, се осеќам почествуван штом толку бев цел на проучување и пишење есеј на празничен ден не за друго.
А фала ти и за комплиментот дека ме сметаш за интелигентен иако денешно време поарно е да си снаодлив
отколку да си паметен, паметта не врши толку работа колку финтите. А посекако ти пожелувам да си се
ослободиш од нервозата дури и сфаќајќи дека не си секогаш во право.

Уште еднаш за судот (на јавноста), јас не пропагирам возење брзо или во состојба на пијанење туку сум
загрижен заради тоа што џандарите имаат лошо штелувани мерила за брзина и алкохол па така некој
НЕВИН ќе настрада или ќе биди казнет престрого. Иначе има чл.19, чл.20 и чл.21 од закон за прекршоци
кои велат дека можи да се ублажи казнената санкција. Тоа е законски одредено, а законите и начелата
на правото и судската пракса велат треба да се примени одредба поблага за обвинетиот или странката.

Баш заради немањето обѕир правниците, судиите и судовите влечат многу ниско мислење од јавноста.
Тука се налага прашањето дали - ако мора сите обвинети да се виновни - воопшто е потребно да има
постоење на правници и судови? Па ако треба и полицијата да те стрела на лице место ако смета дека
така е потребно. Не е битно дали е можно дали некој е невин или недоволно крив за толкави казни,
битно е да се демонстрира надмоќ и сила, неважно е дали е во судница, на полициска контрола или
на себеси сметан јак маж зад тастатура, битно е да се прозиваат луѓето да видат прави мажи ама
според стандарди на лица опиени од воља за надмоќ кои нормално се поправи мажи од правите,
изгледа толку многу што уште малце и тестостеронот низ уши ќе им истекува. А веројатно и по таа
логика за да си прав маж ќе мора и животот да си го изгубиш само за самопрогласениот појак маж
да те смета за доволно јак маж за да му служиш и да правиш да се осеќа како најјак маж.

И повторно, што ако некој е невин или не знае дека е крив односно не може да знаел дека прави
нешто што не треба? Битно појакиот маж да се осеќа како најјак маж, да си скрие и незнаењето
да сфати дека можеби не е најпаметен, не е најјак било маж или правник кој не ги знае доволно
прописите или не ја погодил финтата.

Уште еднаш, не пропагирам неодговорно однесување туку начини да не те наместат џандарите
да трпиш казна која не си ја заслужил бидејќи мерилата им се неисправни.
А за пијанство, ако човек е пијан нема да можи да влези в кола камоли вози.
Пред некој ден пишеле медиумите дека некој имал 4,0 алкохол. Тоа не е можно. Со толку ќе
е во несвест или кома пред смрт. Мој заклучок е дека дефект им е дрегер апаратот.
Не велам да се прави како наведувам, туку пишам мислење според пренесени искуства, а иначе
на јавен форум секој има право да си го искажи мислењето. Ама можеби е подобро да се прави
цензура? Да станеме тоталитарно општество? Само одбраната елита да прави што сака а други
како што ќе ни кажат? Не е битно, важно појакиот маж да си се осеќа како најјак маж.

А иначе, ако се направат законите да не се пие кога се вози, да си на нула како професионални
шофери, и јас ќе соодветно делувам. Сега е дозволено, па не гледам што се буни некој, освен
ако не му за да се прави на најпаметен и нормално најјак маж.
А за памтење каде се џандарските контроли, тоа е и во склоп на регулатива на европска унија,
каде има мерач за брзина мора да има знак дека го има, а не педерски да се кријат, а освен тоа
и за да знае човек да намали и доста помалку од она што е пишано бидејќи и да си 100 каде е
100 барано подобро е да си 60 бидејќи можно е да џандарскиот неправилно штелуван мерач да
покажи 200 па кога ќе дојди новото кривично дело безобѕирно управување со возило да се случи
најголемиот срам не само за правосуден систем туку и едно цивилизирано општество а тоа е
НЕВИН ЧОВЕКА ДА СЕ ЗАТВОРИ.
Историјата на правото вели има т.н. сооднос на блекстоун (blackstone ratio) кој вели дека е подобро
10 виновни да се ослободат отколку 1 невин да настрада, бидејќи се случувале луѓе да се осудат
за убиство и бидат погубени па после се утврди дека наводната жртва била жива односно биле
невини.

А полицајците и судиите зошто и да не бидат посрамени, кога веќе не делат правда туку надмоќ.
Ако типот кој бил 133, признал и се покајал, зошто не помина само со опомена? Јас мислам дека
бидејќи не дал мито, а се очекувало. И како доверба во правосудството? Ете и случајот кај
млечен ресторан скопје, судијката го ослободи парајлијата кој веројатно подмачкал како треба
и добил условна казна иако и порано правел иста глупост и порано убил луѓе.
А за судски преседани, има ама селективно се применуваат - и намалување на казна и само
опомена и само 30 дена забрана. Кој сака нека провери, а кога ќе видиш имињата на тие
осудени и сфатиш кој се, јасно е како и зошто добиле олеснувања.

Ова ти е исто како романот животинска фарма на џорџ орвел - сите животни се еднакви, ама
некои животни се поеднакви од другите. Можеби и ти не си бил од подобните.
А ако си навистина правник, како тогаш ако знаеш дека си крив си се бранел како да си невин?
Тогаш тоа е неетичко однесување и таква личност треба доброволно да си се откажи од
дипломата. Никогаш не е доцна за влез во бизнисот со тоалетна хартија, особено со овие цени.
« Последно менување: 09 Јануари 2023, 13:58:59 pm ialeks »

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12848 на: 09 Јануари 2023, 17:06:55 pm »
Друже, шо кажа со огромниов пост, јас ништо не разбрав. Еве некој ако разбра, нека каже.

"Јак, појак, најјак и понајјак", од трите подолгиот.
Неисе.

Ќе те удостојам со уште еден, се надевам пократок одговор и тоа е тоа.

Вториот пост на форумов ти беше како да го зезнеш системот, да не платиш повеќе на нашите увозници и на државата при купување на ново возило. Пре би ги дал парите на бугарине, отколку да си платиш дома колку кошта. Тоа дали е многу или малку е тема за друг муабет. Е од тука да тргнеме и да видиме за каков човек се работи.

Друга работа - од каде толку сигурен и тврдиш дека сите можни мерачи (било дрегер, било пиштол за мерење брзина) се неточни? Ај докажи, ама да не биде рекла-казала. Со документ.

Човекот упорно си кажува - 133 во тунел. Еве, за забава, нека не е мерачот со маргина на грешка плус-минус 3%, 30% нека е. Со 30% грешка на мерачот, колегата возел 93 км/ч во тунел, на дозволено 80 - прекршок, како сакаш врти. Невин е? Не е. Знак немало - кај си видел знак "забрането убиство, или силување"? "Забрането за педофили"? Дали тоа што нема знак ги прави овие дејства подложни на докажување, ако те фатат со курот во некоја, а си го ставил на сила? "Ама немаше знак дека не смеам да ја силувам". Да, само за тебе на тангата знак ќе си закачи. Или па може да пробаш со "не е мојот кур ова, на другар е". Свашта.

Престани со тоа "не пропагирам", пошто не е така. Поддржуваш и брза вожња, и вожња под дејство на алкохол и вожња под дејство на медикаменти помешани со алкохол. Штом бараш, или си барал начин да се спасиш од некоја постапка, или полесно да поминеш, си направил глупост некогаш и тука да завршиме. Или си возел брзо некаде, или си возел под дејство на алкохол и други психотропни супстанци - маката те натерала да буричкаш до тие танчини и да се убедуваш дека сам можеш против системот. Не си толку голем филантроп да се едуцираш и да се вложиш толку, само за да "помогнеш" на некој некогаш, ако му притреба.

Многу ме интересира дали ти лично си го применил и проверил методот за дрегерот и аповите, како и да се викаа? Дали стварно е така? Дали има можност за нуспојави? Или и ова е "а бе, ми кажаа..."? Ќе сечеме хероин, со кокаин. Ќе летнеме, па ќе се спуштиме. Или обратно...?

Која ти е поентата со невините? Ако си признаам, нема што да докажуваме. Свесен сум за грешката, ќе си платам за истата. Не се бранев, излегов пред судија, си ја признав грешката во надеж дека ќе добијам помалку од 3 месеци. И јас бев 3 месеци без возачка. Прв пат во живот стиснав на пустата гас и ме пукаа со повеќе од 40-50, не се сеќавам точно, од знакот. Пробав на "твојот начин", не упали, што ме радува. Кој сум па јас да не важат законите за мене, или да се прават исклучоци?

Бате, постапките со адвокатите ти се научна фантастика. Ќе ти кажам сега зошто... Колку е казната што ја платил @andrej_111 , 300 евра? 400? Оди најди ми адвокат што ќе сврти под дрво и под камен, во глувчешка дупка да се напика, за тебе да те спаси, а си крив, за 300 евра? Вештачења, папирплогија, еден тон глупости. Мало морген. Времето и енергијата што ќе ја потроши на твојот "случај" ќе ги потроши на полукративни, полесни работи, за да заработи повеќе со помалку труд. А и поевтино ќе поминеш да си ја платиш казната, пошто не сме сигурни дали адвокатот ќе успее да докаже дека системот е до толку трул колку што ти мислиш. Е сега, за возачката - да си гледал, да си пазел...

Смени си го никот во Ерин Брокович.

Не бе, јас не сум правник, астронаут сум, само глумам лудило. Џизс. Да ти сликам диплома и уверение?

Ајде, и доктор стана. 4.0 промили алкохол во крвта била смрт. Во Берово со 4.0 промили алкохол во крвта за возачка полагаат...

За судските преседани веќе кажав, не мислам да се повторувам.

Ај еве во работен ден, пошто празникот ви бодеше очи. Задоволни?

Ова не е пенал на 100 метри гол. На 200 е и од авион се гледа дека си со задни намери и стално бараш некаков начин некој етаблиран систем да заебеш, да се измигољиш, да се протнеш, да ќариш... Hence вториот, измеѓу, и последниве постови, баш во оваа тема.

Не си ласкај толку. 98% беше сарказам, само кој да го намириса. Еве ти добра идеја за бизнис, да си заработиш доволно, од тука кола да си купиш нова, не од Бугарија, Хрватска или Австрија.

Тоалет хартија.

Поздрав и секое добро.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12849 на: 09 Јануари 2023, 18:19:19 pm »
Иритират  ко ќе гледаш неправда, кај нас секое лето урлаат со коли, кој испогина кој невин народ отепа, ништо не се превзема, сега некого за да докажат дека работат за 0,6 промили или за 70 дека возел по магистала ќе му клат 15 казни. Додуша со 0,6 никад казна не ми пишале мене лично. Нити за 10_20 км плус ми напраеле проблем, само усна опомена. А до сега што су духал па ко сум немал пијано сегогаш ( едно 10 тина пати) излагало 0.0. А да непиеш за себе е поарно, мане битно за кзната. По раат ќе ти е душата. Остај ти, ќе се очукаме после натемаго ни е крив.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12850 на: 09 Јануари 2023, 19:02:49 pm »
бидејќи и да си 100 каде е
100 барано подобро е да си 60 бидејќи можно е да џандарскиот неправилно штелуван мерач да
покажи 200 па кога ќе дојди новото кривично дело безобѕирно управување со возило да се случи
најголемиот срам не само за правосуден систем туку и едно цивилизирано општество а тоа е
НЕВИН ЧОВЕКА ДА СЕ ЗАТВОРИ.

Сигурно, не 200. 400 км/ч ке покаже. Дај малку намали со ова, така да со толеранции од + или - 3%, на 100 дозвоелено ако возиш 100 км/ч, според радар ќе бидеш во опсег 97 до 103 км/ч што во во случајот е апсолутно во толеранции и нема ниту да те застанат, ниту да ти кажуваат безобзирно возење или било што.

Не отече со правилници со тие 3% на грешка, а сеа пишуваш, ќе возам 60 оти 200 ке покаже радарот.

Си прекорачил брзина или си направил прекршок, биди си маж признај си.

Возев и јас 100 км/ч, дозволено било на следна клучка после Радовиш према Струмица 60 км/ч. Не го видов, продолжив со 100, ги здогледав, одземав гас само што ја крена палката, гледам у километражата малце под 100 км/ч бев.
На радар 97 км/ч. Апсолутно точно и по брзинометарот на колата и по радарот, за разлика од твоите 60 до 200 км/ч на неисправни радари.

Си кажав најискрено не го приметив знакот и си возев 100.
Е сега имаше момент пошто службена кола, тука малце се докажувавме, се запна тој дека штом е службена, казните се како демек за товарно, 300 европски со 6 до 12 месеци забрана за возење.
Му посочив најкултурно дека иако возилото е на име на фирма, се води како патничко, не е товарно во сообракајна, нема лепенка, нема носивост итн и дека казната е како за секое обично возило, 45 евра и веднаш се понудив да си ја платам бидејки крив сум, 37 изнад дозволеното сум.

Виде дека му посочив за колата, само со опомена поминав да си внимавам и тоа е тоа.

Досега воглавном на отворено сум до максимум +20 од сите знаци за ограничување на брзина, редовно има радари и не ме застанале досега. што значи радарите се точни, а не како што наведуваш дека се неточни.

Ама според твоите логики за тоа дека и нашите брзинометари и радарите се неточни, јас на тоа +20 возење од знаци досега ќе имав 950 години забрана за возење.

Затоа смали доживљај малку и признај си прекршок, а не возев над 50 од дозволеното, ама казна добив заради ''раштелувани радари"'.
« Последно менување: 09 Јануари 2023, 19:08:43 pm FiLo »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12851 на: 09 Јануари 2023, 19:11:29 pm »
Дали тунелите кои се на автопат се рачунаат за +49 или за +29кмч за без одземање на возачка дозвола?

#прашањакоимемачат
Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до
50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12852 на: 09 Јануари 2023, 19:32:51 pm »
А за 29 - 49?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12853 на: 09 Јануари 2023, 19:42:31 pm »
Дали тунелите кои се на автопат се рачунаат за +49 или за +29кмч за без одземање на возачка дозвола?

#прашањакоимемачат
Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до
50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.

На автопат е +49. Дали е тунел или е вијадукт или пред патарина  - автопат е. Ако е автопат, е надвор од населено место, дури и обиколница се смета за надвор од населено место, иако реално поминува и низ населени места.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12854 на: 09 Јануари 2023, 19:52:02 pm »
Дали тунелите кои се на автопат се рачунаат за +49 или за +29кмч за без одземање на возачка дозвола?

#прашањакоимемачат
Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се
регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на
возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до
50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.

На автопат е +49. Дали е тунел или е вијадукт или пред патарина  - автопат е. Ако е автопат, е надвор од населено место, дури и обиколница се смета за надвор од населено место, иако реално поминува и низ населени места.
Благодарам значи +49кмч е.