@Djelo со полиција вака или така ќе си имаш работа ако дојде до бил што. Ако пријавиш сега постои ризик да го раздразниш уште повеќе подоцна, ама ќе имаш доказ за суд и тн дека си пријавувал. Ако не пријавиш ќе треба да трпиш и во принцип работава е за нигде. Еве ти во прилог член од кривичен законик. Самооодбрана или по законов нужна одбрана смееш да правиш ама судската пракса покажува дека членов не е баш применлив во реалност и секогаш постои дискреционо право на судијата да ја прифати твојата верзија од приказната или неговата. Како и да е, еве го членов па со лесно
Нужна одбрана
Член 9
(1)Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.
(2)Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие
од себе или од друг, истовремен противправен напад.
(3)Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се
казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна
раздразнетост или уплав предизвикан со нападот, може и да се ослободи
од казна.
П.С. Треба да се одбраниш во принцип со исти дејствија како и нападот. Ако тој те нападне со раце, ти извадиш оружје било какво, тогаш не е нужна одбрана. Ја сваќаш поентата да не продолжувам. При несразмерна одбрана (за жал не сме УСА каде што е дозволено и да убиеш некој ако неовластено ти влегол дома), кај нас мора да мислиш на напаѓачот. Ако го повредиш повеќе од што треба, на крај може тој невин да испадне, а ти да исплаќаш и штети и кривично да те гонат и се. Така да ако е можно со мир да се разреши состојбата тогаш пробај така, ако не пробај прво со јавување во полиција