Автор Тема: Не-мајстор за лиење на гума.  (Прочитано 8894 пати)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Не-мајстор за лиење на гума.
« на: 19 Мај 2014, 22:25:07 pm »
повеќето ги знаат муките што ги иам со арото но до сега ваква работа немам сретнато.
Затоа пишувам затоа што несакам на никого да му се случи истово.

Минатата недела барав мајстор за лиење гуми.. и најдов еден на реклама 5. ај да го изрекламирам..

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=929051

вика одличен квалитет и прифатливи цени.. и викам ај кај него да правиме..
станува збор за овој дел. или позната како карданска гума..

Јас бев на работа а човеков се наоѓа во радишани после пазарчето па лево нагоре скроз..
нвм..  го пратив татко ми да му го однесе делот да го направи но неможев да ја извадам осовината па го врати делот.. и после успеав да ја извадам осовината и пак му го однесе.. моја грешка како и да е.. од кисела вода до таму и назат 40 км ако нема еве на.
цената што ја предложи беше 1200. а нов на интернет е 40 евра без шипинг па викам ај да не чекам месец за делот.. вака ќе го средат..

Татко ми му ја однесе и му рече дека сака да ја смени гумата.. оваа пошто беше омекната од 20 години користење нели.. му рекол малку потвра како што и би била оргинал.. но да не биде камен тврда....
и тој му рекол не се секирај.. сум правел вакви многу.. ќе ја средиме без проблем..
идам јас денеска... да ја зеам.. и да ја монтирам...
и отидов и го видов ова

троа криво а?

јас викам дека 3 годишно дете со пластелин боље ке го направеше.. па вие преценете..

и ај ме убеди некако дека ко оргиналот да изгледа требало калап што коштало 200 евра.. и тоа би било многу скапо.. и ми вика пробај ке видиш нема да има проблеми... се штелува тоа..ако имаш проблем ќе ти ги вратам парите нема проблем..

ме праи будала у здрав памет.. ама ај викам.. да не испаднам идиот.. ќе испаднам фин и ќе пробам да го намонтирам..
утепав уште 20 км до гаража..
пробав и што ќе пробам.. нема шанси.. штрафот бега за 3 сантима од што е крив лагерот внатре...
и викам се враќам сеа...
и ме прима внатре.. и му викам вака и вака ова не иде..
вика добро ако не иде ќе го направам по централно да биде.. остај ми го ама грешката е на татко ти затоа што он не рече дека сака исто како оргиналот...
како викам грешка негова..
он сака дел што ќе функционира.. без разлика на изглед.. дел што ќе биде как што треба..
ај нека биде пола пола вина вели..
како тоа?
епа 600 денари да ти вратам а 600 за мене за работата..
и тогаш више почнав да вријам...
кренав тон.. и реков не
дај ми ги сите пари како што се договоривме а јас ке си барам чаре..
и ми ги дае.. и  не ми го дае назат делот.. затоа што сака гумата да си ја рециклира..
ем старата ми ја изгорел.. сеа нит дел иам.. нит железото ми остана.. треба пак да идам уште 20км у правец за да си го зеам тоа и да одам кај друг мајстор.. и таму сумљам дека исто ќе биде..

и таке..
сеа ќе си брам оргинален дел од нет од романија.. па со господ напред...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #1 на: 19 Мај 2014, 22:34:09 pm »
Едно прашање до тебе: Кога веќе го виде исходот и се гледаше крајот на целава работа ЗАШТО НЕ МУ ГО УДРИ ОД ГЛАВА ???

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #2 на: 19 Мај 2014, 22:34:43 pm »
Треба да направиме една група Carclub avengers, која ќе делува против мајстори преваранти. Да смислиме метод (по можност ненасилен) ем парите да ги врати, ем да си ја опраи грешката, и више да не му текне да заебе некого.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #3 на: 19 Мај 2014, 22:35:42 pm »
Боже сачувај од такви будали.

Ја соднесов држач за кардан кај Мите трејд кај кванташки пазар, демек он знаел како се прави тоа. Со гумата не успеав да се вратам од кванташки до центар, сол се направи гумата. Се враќам назад му покажујвам и ми вика шо си правел ти бе? Назад парите му грмна татко ми, му се пуштив и јас, дојдоа уште двајца некои шалабајзери и за малку ќе се истепавме. Ми ги врати сите пари крв да му заебам, хохштаплер.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #4 на: 19 Мај 2014, 22:36:34 pm »
Да не испадне дека дотурам сол на рана, ама јас сепак би пробал на стариот дел да шлапнам силикон преку гумата, оставам два дена да суши и ќе стврдне. И да не го бива, барем нема да ти биде криво, си пробал нешто да направиш. Од вакви мајстори почнаа луѓето да им е страв кога одат кај него да не расипе нешто. Не е исто додуша држач за мотор и карданска гума да репарираш, ама пак би се осмелил.
Дополна, види случајно во Грција да не се наоѓа, S16 HGT ќе пазари делови.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #5 на: 19 Мај 2014, 22:43:51 pm »

Па тука лежи зајакот..
старата гума не ми ја даде.. рече дека ја изгорел..

сеа читам  како дарк се изгорел со лагери фалц.. а денес баш сакав да купам лагер на истото место...

Мамата нивна...

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #6 на: 19 Мај 2014, 22:45:00 pm »
Боже сачувај од такви будали.

Ја соднесов држач за кардан кај Мите трејд кај кванташки пазар, демек он знаел како се прави тоа. Со гумата не успеав да се вратам од кванташки до центар, сол се направи гумата. Се враќам назад му покажујвам и ми вика шо си правел ти бе? Назад парите му грмна татко ми, му се пуштив и јас, дојдоа уште двајца некои шалабајзери и за малку ќе се истепавме. Ми ги врати сите пари крв да му заебам, хохштаплер.

епа прво кај него сакав.. ама не отидов затоа што еднаш бев за гумици за амортизерите и беше многу некултурен и многу груб.
па ај викам да си ја пробам среќата со другиов..

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #7 на: 19 Мај 2014, 22:46:07 pm »
Треба да направиме една група Carclub avengers, која ќе делува против мајстори преваранти. Да смислиме метод (по можност ненасилен) ем парите да ги врати, ем да си ја опраи грешката, и више да не му текне да заебе некого.

Симо.. требаше да одам кај венцо.. ама јбг... да не изгубам ден го пратив татко ми ваму..

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #8 на: 19 Мај 2014, 22:46:57 pm »
Radi vakvi majstori , veke ne pravam eksperimenti ke dadam nekoj denar + ama ke go cekam naracam i ke go koristam !

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #9 на: 19 Мај 2014, 22:47:16 pm »
Да, многу е некултурен и груб и за малце не изеде тупаница у фаца од татко ми.
Уште курац на бициклу се прави се фаќа за една даска, а јас се фатив за една оловна шипка, таман ми се намести ко порачана. Кога ме виде дека ја земав шипката омекна. Копук.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #10 на: 19 Мај 2014, 22:48:29 pm »
Едно прашање до тебе: Кога веќе го виде исходот и се гледаше крајот на целава работа ЗАШТО НЕ МУ ГО УДРИ ОД ГЛАВА ???
затоа што мајками и татко ми ме воспитале да бидам пацифист.. (а и слабо габаритен сум :) )

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #11 на: 19 Мај 2014, 22:49:01 pm »
@icemann, Венцо има искуство а и нема лоботомија. Сепак, немам никакво лично искуство со неговата мајсторија, освен што ми смени оригинални чаури на стилото еднаш. Извади оригинални и стави оригинални. Каква е неговата мајсторија - не знам.  

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #12 на: 19 Мај 2014, 22:49:58 pm »
Radi vakvi majstori , veke ne pravam eksperimenti ke dadam nekoj denar + ama ke go cekam naracam i ke go koristam !
ах друже.. си го обрав бостанот со многу ретка кола.. тоа е..

custom car.. custom problems..

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #13 на: 19 Мај 2014, 22:52:27 pm »
@icemann, Венцо има искуство а и нема лоботомија. Сепак, немам никакво лично искуство со неговата мајсторија, освен што ми смени оригинални чаури на стилото еднаш. Извади оригинални и стави оригинални. Каква е неговата мајсторија - не знам. 

па да....

Јас би бил среќен и да се отвори една тема со мајстори и продавници што не треба да се посетуваат.. и во кратки црти и слики (баба лаже лог не лаже) опис на глупоста што ја направиле..
пола мк ќе ја затвориме :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Не-мајстор за лиење на гума.
« Одговори #14 на: 19 Мај 2014, 22:58:49 pm »
imav slicen problem so neoriginalni lageri za trkala ,blagodarenie na yarre koj me prosvetli normalno lakerite fejk gi vrativ si gi vrativ parite i + imase mal incident, od strana na stariot moj ,no ako neka mu e za pamet  neka prodava pak :)