Доста ја читав темата и вашите искуства, еве го мојот ред на нештата за перење на колата (аматерско) и ве молам дополните со предлози:
- шампон Sonax за предперење, Sonax Shampoo & Wax, микрофибер ракавица и микрофибер крпи, две кофи (за чиста и валкана вода), обично црево со пиштол под притисок;
- прво убаво се поминува колата со вода, па следи шампон Sonax за предперење, па следи Sonax Shampoo & Wax со топла вода и на крај измивање со вода;
- после следи пребришување со микрофибер, мада следниот пат ќе убацам еленска пред микрофибер;
- колку треба (време и вода) за да се помине со вода нанесениот Sonax Shampoo & Wax?
- дали восокот што се нанесува на суво, може да го нанесам одма после оваа постапка што ја опишав или после 24 часа?
- слободно ваши предлози, а следниот пат сакам да се дополнам со темелно чистење на стаклата (одвнатре), маската и тапацирите, дајте сугестии за средства;
- каде да набавам глина и кој производител за темелно чистење на стаклата?
Фала однапред за секој предлог