Се додека имаме сиромаштија, и перцепција да работиш за 200 Евра ( а не работиш и клатиш врата ) пералните ќе бидат as is.
Поента, повеќето цркавици од плата од 200-250 Евра увр главе, се недоволни за живеење, ама кога на таков лик ке понудиш да загрее газ за 600-700 тешко му е.
Е сеа тој ист лик, нема пари, ама има време да се фирфла со колата по 2 саати у перална, и 250 денари да му е скапо, а бара секое точкиче да е одстрането ( пошто нели многу си ја сака колата, која едвај ја купил со таа плата, башка враќа креда некаде, или задолжен е по луѓе )
А колата, крш, и плаче ако му искршат поткршена ракета на сервис, пошто нова таква е 50 Евра.
За жал на вкупната состојба, и перцепција на мнозинството, рачните перални ке преовладуваат, во која главна улога на купувачи се токму овие мрчатори. А тие, за да извадат некаков есап, внимаваат на сите трошоци, плус малтретирање со сите муиштерии, оти не смеат да си дозволат да ги изгубат.
За оние останатите, кои немаат време да се зезаат, а сакаат да добијат брзо и релативно добро перење, остануваат автоматските, кои вложуваат огромни пари ( пари, локација, мито и останато ) за да конкурираат не на другото туку на перцепцијата на поголемиот дел од муштериите на приватните (ликот го дефинирав ), со оглед дека логично е трошоците кај нив се далкеу поголеми.