Страшно што имате по тапацири, седишта шалт табли и пластики. Толку ли не може да издржите во кола да не палите цигара?
лесно ти е на тебе да кажеш, кога секојдневно 2-3 пати по 5-10 км проаѓаш у кола.. вкупно 1 саат нема да се собере... има луѓе што бајаги поише возат...
Секогаш може да се стрпам 2 саати (и повеќе) цигара да не запалам. Потоа ако ми се пали цигара, ќе застанам, ќе истегнам нозе 3-4 минути ќе здувам неколку дима и ќе продолжам по патот. Кола која е „загадена“ од дим од цигари е прилично гадна работа, и ради мирис и ради изглед.. И дом исто така. Дома на тераса може да се запали цигара. Внатре - ни под разно!
Гад блес ју! Претходно кај што работев имавме 3 службени коли, од кои само во една не се пушеше. Другите две беа толку одвратни уште у моментот кога ќе отвориш врата, а не па да седнеш внатре и да треба да ја трпиш таа околина, без разлика дали треба 5 или 50 минути да бидеш во кабина. Одвратно.
службени рече? на колку време ги перевте од внатре? на 6 месеци еднаш....
јас сум пушач... не да сум пушач, турчин не ми е рамен... минимум по 2 кутии мафнувам дневно.. ако се запијам и преку 3 идат... во секој случај, просечно една кутаја дневно издувувам во кола... па во мојата кола, го нема тој мирис за кој што збориш... ако се води редовно нега на возилото од внатре, и се пере како што треба, во просек 2 пати неделно, тогаш нема мирис никаков... еднаш година-две праиш хемиско и чао пријатно...