Ај да прашам поискусни у врска со мојот проблем
Значи вака: Мерцедесот ни е пред сервис, односно бордот го покажа она клучено, но стравувам од турбината дека е рикната/пред рикнување
Имено, пред некој ден, бев искочен со колата, и летно време прозорите спуштени и кога возев се слушаше турбината, али она многу шуштеше, и си викам шо мурац и е, ај нема везе ионака идам дома ќе ја остаам раат... Во наредните неколку дена шуштењето престана, па се до вчера осетив нешто чудно
Стоев на семафор и тргнав нормално, прва втора ја осеќам турбината, но во трета и четврта брзина, колата ко да нема турбина, односно многу споро развива, исто така и кик даун-от не функционира во тие две брзини..
Прашањето ми е: Дали има некаква врска што е пред сервис, имам слушано дека ECU-то го штитела моторот во време пред сервис, односно автоматски затвара нешто(клапна ли незнам што) да не прима воздух од турбината и кик даун педаљата да не функционира, или пак е отидена турбината