Должен сум да споделам искуство, за идна референца.
Го однесовме Цитроенот со шлеп служба кај него, кој е на Качаначки пат позади бензинската.
Ми рече 7-10 дена.
На 9 тиот ден му се јавувам и ми вели да во готово е овде сме до 17 дојди земи го.
Идеме натаму и Цитроенот стои паркиран на бензинска, прво што забележувам е дека маската предна и браникот и хаубата не се убаво склопени, не пасуваат некако, и маската се клати лево десно. Ај небитно дома ќе го средам.
Иде Нерко го пали Цитроенот и навистина не чури, убаво мирно клокоти машинката, арно ама слушам цуф цуф цуф, дише од некаде, божем како у паника они сите не знаеле отвараат на лице место вадат филтер.
И ми вели а вториот инјектор ти е иди у Кавадарци да ти ја репарираат.
Велам зашо коа јас немав ваков проблем, он ми вика друже ова се твоите дизни, не сум јас ништо правел. Бла бла викам ај ок. Отвара хаубата, пола плстики фалат, капакот за цревото за филтерот за воздух, заштитната облога на граната која 2 купивме под ред и ја плативме 100 еур.
И му викаме така и така, вика не немаше, и се натегаме мојот на твојот нели.
И му велам за заштитата на граната 100% имаше бидејќи пред неполна година ја купивме 100 еур.
Вика а ок ако не ќе гледам ти најдам да ти пратам.
За пластиката на свелтото на цревото за воздух, вика немаше такво нешто.
Му викам имаше, и сите 4-5 не немаше, иде еден мајстор ли им е не го знам, гледа натам еве нешто вика тука и ја гледам да таа е. Епа се загубила, епа како, нели сите 5 ме убедуваа дека нема.
Климата не работи вели морале да ја испуштат, што знам дека не морале ама ај.
Целата работа е накако како касап да спојувал, ни кабли средени. Ни соодветни штрафови ставени. Ама ај преку глава ми беше му дадов 30.000 денари и со среќе нека му е.
Идам накај дома, глеам нешто чудно ми мириса.
Ај некако пак црева празни па полни ќе се среди.
А и заборавив да кажам менувачот некако во втора не влегува убаво, и во 4 та мислам или 5 та.
Како до пола иде, на пола заглавува.
И идам накај дома гледам на маслото цртките на дашот, беа 5 од вкупно 6, а паднаа на 4, викам ај ново масло сеа ова она, потоа утредента идам до Велес и назад, и коа глеам 2 црти масло, а не чури ништо.
Во врска со инјекторот видов дека шајмната сиал што стои помеѓу неа и блокот, можно е да е изедена попушто па пуфка, и дека нема потреба за репарирање бидејќи колата работи мирно без трокирање и убаво си прима.
Ја носам кај мајстор едвај ја извадија заглавената шајмна во блокот ставија нова затворија и супер преде машинката. Нема чуфкање. Чест проблем на возилата е ова со шајмната.
И овој нашиов мајстор го молам види со уљето, и си одам од кај него коа ми ѕвони, и ми вика абе знам кај ти е маслото/уљето, целото е во антифризот.
Е ми се дигна косата, а неам коса, сум ќелаф, па сеа ти види. Одма помислувам вадење глава, дихтунг, рамнење, но нашево мајсторче вика најверојатно е проблемот во радиаторот за улје што ги дели антифризот и уљето. Му звонам на Нерко, му кажувам он му се дере на мајсторот, мајсторот негов ми вика најверојатно е тоа што и мојот мајстор ми потврди. Најпрвин сакаше да ми наплати 10 еур, а потоа без пари го даде резервоарчето мало за уље и антифриз, го однесов на мајсторчињата наши сменија се. Едвај ги одзатнаа малите цевчиња со уље запушени, насекаде. И вчера возење, доволно километри и денес, па сеа за сеа чиста е водата во резервоарот за антифриз, и уљето во моторот е на исто ниво. Па се надевам дека тоа беше проблемот.
Вечер пак ќе испуштиме вода, и ќе ја смениме ама мислам и се недавам дека проблемот е решен.
Кратки црти ако не забележав и отидов до мајсторот, најверојатно главата ќе се искривеше од топлина, цревцата ќе запушеа ептен. И ќе беше непоправлива штета.
Резерварот за уље што го извадивме и го променивме со друг беше удре, имаше вдлабнатина, што беше индикација дека е удрен моторот ли на тоа место или нешто се случило.
Во врска со турбината и со моторот, навистина работат мирно, турбината перката е камен внатре не мрда, споредба со мојата стара што имаше доволно луфта.
Се надевам на долгогодишно работење на овој мотор без проблем.
А и дизните што ги носи овој мотор не се моите. Моијте беа како со други ознаки, но најверојатно ги извадил моите и цел моторо со се се го ставил.
Значи не значи дека ме заебал човекот, деловите што ги добив бар сеа за сеа као ми изгледаат ок.
Ама работата што е направена е катастрофа, како буквално некој да фрлил главечки друг мотор во Цитроенот, онака без грижа.
Останува да видеме понатаму како ќе се одвива работата.
Ве молам некој ако го има бројот на Бажо од Чeшиново да ми го даде, ми треба нешто за електорниката и за климата.