Автор Тема: Купување на увезен автомобил?  (Прочитано 162864 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #135 на: 05 Февруари 2012, 14:30:27 pm »
BTW на наш член е алфава т.е. моја е :D ;D

Тоа што нема кожен салон, автоматска клима, навигација .. и слични глупости мене не ме погодува воопшто. Секогаш сум велел, повеќе глупости повеќе проблеми.

Дај да се смениме на 1 недела :P

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #136 на: 05 Февруари 2012, 15:01:57 pm »
Мемори, повели пар лични искуства:
другарче донесе 147 1.6 TS distinctive од Софија, 2010 летото. 3060 евра таму, со регистрација 4900.
Јас донесов 147 1.9 distinctive мај 2011, од Дупница. 3400 евра таму, со регистрација 5000-5100. Во оваа сума на пример влегува комплет летни гуми 320 евра, колата ја зедов со стари зимски, кои не сум сигурен дека ќе истераат повеќе од оваа зима на пример. Обете се со доста опрема, без навигација и парктроник, и мање више се друго.

Тоа време имаше многу малце алфи овде, беа кршови, и барем 500 евра поскапи од Бугарија. Денес гледам страшно многу алфи овде, и во огласите, така да можеби се исплати да се погледнат сите достапни, ако ништо друго, да стекнеш осет што чини што не. За колата за која побара коментар, прва забелешка ми е, Бургас. Ние кога правевме план, гледавме коли од Ќустендил, Дупница, Благоевград, Софија, поради логистички причини. Да можеме да ојдеме во ден, да завршиме работа, да се вратиме. За мене излезе дека колата која ја бендисав не можев да ја земам дента, имаа празник. Оставив капар, се вратив за некој ден, заглавив на технички, преспав во кола уште еден ден. (ми беше шубе да ја оставам таму сама, не можев да ја возам без таблички).
Како ја бирав:
ги следев огласите и читав за 156/147 пола година. Кога дојде време да зимам, ги испечатив сите огласи што ми беа интересни, 147 според градови, 156ки според градови како резерва(156 седан ми беше најубава и прв избор, жената ми беше по 147, 156 спортвагон компромис. Размислив, сфатив дека е во право, се решив за 147: попрактична за градски услови, понов модел).
Колите одеа што ми беа интересни одеа од 2500 до 3500. На прво место ги ставив поскапите, ми беше побитно да е во подобра состојба одколку да е поефтина. Се јавив на неколку најинтересни огласи, да видам дали луѓето постојат, дали се слободни тоа време кога ќе одам, и слично. Претпочитав плацеви, не приватни огласи поради документација, они да ми завршат работа до граница, но оставив можност да видам на лице место што ќе ме бендиса. Земав другарчето со ТС-то да ми прави друштво, како поискусен од мене со коли. Требаше да имаме уште еден со поголемо искуство, излезе дента да е спречен да дојде. Погледнавме практично 2-3 коли пред мојата, и бефме веќе тргнати накај Софија со умот, кога ја видовме мојата. Во старт се откажав од озбилни анализи на мотор, знаев дека и со најдобар мајстор е прашање на среќа, гледавме да биде добра каросериски, да не била во озбилен удар, ентериерот внатре да покажува знаци на одржувано возило. Гледав гумата на педалите, рачките од вратите(посебно внатре), појасот, седиштата, воланот дали покажуваат знаци на истрошеност. Тогаш немав софтвер и кабли, денес би си носел и тоа за дијагностика на лице место, колку да се запознаеш со грешките, доколку не се исчистени од газдата. Реално, тешко дека ќе имаш време за озбилни сервиси и анализи, освен ако немаш поинаков аранжман од нас. Првата што ја гледавме, од приватно лице, имавме можност да ја провозиме по градот, мојава едвај свртевме кругче на плацот. Палеше без проблем, сијаличките за аларми се палеа сите на старт, и се гасеа кога ќе запалиш(немаше маскирано). Кога ја добив пар денови покасно, веќе имаше аларм за грејач, можеби нешто чепкале во меѓувреме, можеби така се погодило, ама не сметав дека е јако битно( и ден денес свети, ме мрзи/не сакам да го пипам, си пали без проблем и на нашево ладно). Значи, моторот работеше добро, палеше без проблем, не приметивме тогаш проблем со турбината.  Имаше проблем, забележав после некоја недела со другарчиња дека свири на папуча до под, и не влече како треба-другарче со 156 2.0, има осет колку би требало да оди, мене ми одеше и така добро, не бев научен на алфа, ни на стискање папуча до под :> Пошто мајсториве ни се бескорисни, прочитав и научив дека чест проблем се гумените црева од турбото(си имаат век на траење, потрошен материјал), сменив и двете, пред тоа исчистив ЕГР, и тек тогаш сфатив колку всушност одела алфата :> (еден од главните знаци на проблем со цревата, дими како локомотива на нагло додавање гас и угорници, но тоа време веќе имав и дијагностика моја, си читав кодовите за грешки)

Една од работите која ми значеше за колата, имаше резервен клуч(без далечинско вистина) и кодна карта, обете картончиња. Колата во Бугарија беше само неколку дена, тазе донесена од Италија. Според документите, имала 2 сопственици, од кој првиот ни цела година, и автокуќи помеѓу. Според километража, имаше 136 000, според мотор 190 и некоја иљада, не ми личи дека многу повеќе од тоа е враќано. Ако баш сакаат, можат и километража на ЕКУ на мотор да вратат, иако чини доста повеќе. Реално, дизел кој не поминува 20 до 30 илјади годишно, мора да се запрашаш зошто? Добро, ние сме исклучок, мала земја, јас не верувам дека ќе проаѓам повеќе од 10-12 000 годишно ако нешто не се смени.

Трошоци до сега, 9 месеци поминато кај мене:
летни гуми 320 (во цената горе) Бриџстон ЕР300 од Стоп&Го
2 црева за турбо 70тина евра добри половни (120-140 евра нови)
филтер воздух, масло, нафта, ново масло, работна рака кај Тони 7000 ден (ме закла 1-2 илјадарки)
ребрест каиш, затегач, ролер, помошен каиш затегач ролер, водна пумпа ,антифриз, работна рака кај  Аце и Гојко (деловите од Ото кај мавровка) околу 250-300 евра
задни плочки(пакнови), двете сајли за рачната, работна рака кај Аце и Гојко околу 4000ден
совозачки прозорец, благодарејќи на заборавен ранец од баскет, половен 50 евра
to do list:
треба да почнам да средувам подвозје, задни држачи, можеби некоја вилушка напред, ќе видиме (од 200 евра па нагоре, 600-700 веројатно за цел ремонт)
неисправно копче на темпоматот, некој викенд кога нема да ме мрзи, сеуште не ми затребал доволно
воздушни перничиња, 99% конекторот/каблите под совозачко седиште.
веројатно наскоро ламела/замаец, или алтернативно да престанам да ставам цигла на гаста на старт и претицање :>
просечна потрошувачка 6.5 ектодизел од лукоил. 5-6 отворено културно, 7-8 јако некулутурно и нелегално, градска 7-9 во зависност од гужвата. ако си на седативи можеш и под 5 да симнеш, со возење 80-100, полесно на регионален пат со убави кривини

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #137 на: 05 Февруари 2012, 15:18:39 pm »
Alfa 9l vo grad ? Drugari sto imaat Alfi skoro site bez isklucok od 10/100Km gradska dizel ! Punto JTD vo grad si lapa bez problem 8-8.5l/100Km. Komsijata imas ei go prodade za 2 godini. Doblo 1.3 JTD gradska 8l/100Km (jas sum vozel i merel).
Peugeot 206 1.9D gradska 8l/100Km, Peugeot 306 1.9 Caravan 8-9(zima)l/100Km, Peugeot 206 1.4HDI vo grad 5-6l/100Km.
Toa se realnite cifri. Alfa i e poteska od Punto i logicki povekje trosi.
Benzinec Alfa 1.8 znam deka ne e ispod 13l/100Km gradska.
Taka da ne verujte na cifrite od proizvoditelite.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #138 на: 05 Февруари 2012, 16:31:56 pm »
Јас ги кажувам моите бројки, што реално ги гледам. Факт е дека избегнувам гужви, и не возам кога не морам. Ако те фати гужва наутро или кај 4, можеш да видиш бројки кои се стремат накај бесконечност :) борд компјутерот моментално покажува 6.3 за последниве 2000 плус километри, од кои барем 1500 се на отворено, ама па, добар дел од тоа отворено беше со невообичаено голема брзина, или во лоши временски услови. А градска 7 кога одам накај радишани, 8 вообичаено, 9 гужви во кои не се мрда или паркинзи. Исто, јас никогаш не сум над 2000-2500 додека не постигнам работна температура на мотор, што во градска зимно време скоро нема шанса да постигнам.
Тоа го памтам како најважен совет за турбото. Да не се вози како бензинец, да не се стиска додека не постигне работна температура, кога ја гасам гледам последните минути возам многу мирно, долго паркирам, дури некогаш оставам малце во место да работи. Инаку, тргам веднаш штом можам на палење, што во моите улички и не е баш многу.
Во врска со советите/искуствата за Мемори, заборавив да додам нов акумулатор како трошок, 4100 весна/сап до универзална продавничката.


Отсутен memory

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #139 на: 05 Февруари 2012, 19:57:14 pm »
Тоа што нема кожен салон, автоматска клима, навигација .. и слични глупости мене не ме погодува воопшто. Секогаш сум велел, повеќе глупости повеќе проблеми.
[/quote]

Верувам дека ти си ја купил алфата нова, во тој случај и јас не би дала пари за многу дополнителна опрема, но во случајот на половна алфа не е толку голема разликата во цена затоа и кажав така. А твојата кола е доста добра понуда според мене.


Отсутен memory

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #140 на: 05 Февруари 2012, 20:13:02 pm »
Кефи ти благодарам на одговорот, многу ќе ми помогне кога ќе одам да купувам. Јас планирам да останам во софија, па затоа не гледам каде се наоѓаат колите на огласите. Има место за престој па не размислувам за тоа. Ако може да ми кажеш каква е ситуацијата на плацевите, има ли повеќе избор, или да ги гледам само оние огласи на мобиле.бг . И не ми кажа која година ти е колата. позз

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #141 на: 05 Февруари 2012, 20:45:59 pm »
Мојата е 08.2003
Има избор, секако, ако имаш време, прошетај, ама имај на ум, има огромен број на плацови и возила на истите. Ако немаш временска рамка, имаш голема предност, можеш ден за ден да гледаш и тестираш коли. Кога не си под временска пресија, можеш да чекаш додека некое возило ептен не ти се бендиса, ти си во предност, парите се кај тебе. Софија исто има голем број плацови, веројатно и повеќе од Дупница. Секако, имаш голем број преваранти и кршеви, на тебе е да отвориш 4 очи, и да имаш среќа. Според мене, ако можеш да најдеш историја на колата, е голема предност. Колку сопственици, кој и зошто ја продава, итн. Јас тргнав од идеата дека каросерија не се оправа, ако кородира(тешки сообраќајки, или сол/хемија во Словенија/Австрија) се друго се наоѓа не претерано скапо. Мотор се наоѓа за 500-1000 евра, ново турбо е 700, се друго можеш од хаварисани коли да собереш. Што повеќе коли видиш и пробаш, повеќе ќе имаш осет што е добро, како треба да изгледа, која е чувана и пазена, која е малтретирана. Единствената кола која ја видов во Скопје, беше 156 SW со италијански табли. Ама од нејзе ми излегоа двајца цигани, целата кола изгледаше како да прошла 400-500 илјади, испукани воздушни перничиња на А столбовите(шофершајбна), квачилото не се стискаше, гумата на педалите излижана, внатрешната рачка излупена скроз, дисплејот на борд компјутерот не работи. А на сликите на оглас беше џам, и и бараа 3000 евра, на странски табли, нецаринета :>>>
Исто, во завиност за што ти треба колата, барај си таква опрема. Се наоѓаат добри примероци со навистина богата опрема, сочувана кожа внатре, добри бандажи, темпомат, ESP, навигација, сешто. Лично, сметам дека навигацијата од пред 10 години е застарена, ако баш ти треба, можеш да се снајдеш од телефон па нагоре, ама за другиве работи имаш повеќе работа и пари накнадно да ги додадеш.
Бујрум на пивце со алфаџииве, кога се збираме. Симо Кериер овде може да те поврзе, повеќето се баш залудени по коли, јас сум компјутерџија кој се заљуби во алфа :>

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #142 на: 05 Февруари 2012, 23:01:41 pm »
memory, idi na Gorubljane (ima citavi koli), Dupnica e prasanjeto na srekja (ima dosta koli no so gledanje ke ja najdes citavata).
Razlika na cena Sofija - Dupnica - 500-1500 leva ! taka da vidi si sto ti odgovara.
idi: www.cars.bg
ili: www.mobile.bg

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #143 на: 05 Февруари 2012, 23:59:49 pm »
Може да појдам до блгарија и јас да видам што како, имам едно другарче во ќустендил.

Со бугарски пасош може да се вози кола во Македонија? Ми нуди другаров да ми среди работа за пасош бугарски... се мислам ако може да возам кола на бг табли тука да правам работа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #144 на: 06 Февруари 2012, 01:01:43 am »
Може да појдам до блгарија и јас да видам што како, имам едно другарче во ќустендил.

Со бугарски пасош може да се вози кола во Македонија? Ми нуди другаров да ми среди работа за пасош бугарски... се мислам ако може да возам кола на бг табли тука да правам работа.

Законот беше дека бугарско возило може да престојува во државава не повеќе од 6 месеци. Поправете ме ако грешам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #145 на: 06 Февруари 2012, 08:16:33 am »
Може да појдам до блгарија и јас да видам што како, имам едно другарче во ќустендил.

Со бугарски пасош може да се вози кола во Македонија? Ми нуди другаров да ми среди работа за пасош бугарски... се мислам ако може да возам кола на бг табли тука да правам работа.

мислам дека веке неможе, односно ако те застане полиција може да дојде до некој неспоразум ;D

имам другар кој има бугарско BMW му стои во гаража скоро година дена од кога почнаа да зезаат за возилата со бугарски таблички

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #146 на: 06 Февруари 2012, 08:21:24 am »
Moze da se vozi ama maksimum 6 meseca. Ima opcija na 6 meseca menuvanje na registraciski tablici.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #147 на: 06 Февруари 2012, 10:54:48 am »
@Кефи

Си можел пред да менуваш црева од турбо, заради димењето и слабиот одзив на гаста (освен ако стварно визуелно имале недостаток) да пробаш со ресетирање на ЕЦУ, ако не ја знаеш постапката, ќе ти ја пишам или можеш преку FiatECU Scan. Доста од непријатностите што ти се појавиле, обично се решаваат во комбинација од чистење на ERG вентилот и ресетирање на ЕЦУ (бар така вели искуството на форумот за Алфа).

Што се однесува за AirBag светлото, ти треба мислам посебен кабел за да прочита кој точно изгубил контакт, меѓутоа ако колата ти е со 3 врати, најчесто е возачкото (кај мене го средил тоа претходниот сопственик)

За редовниот сервис, богами стварно те закрпил, во никој случај 6000 ден не требало да те фати, ама ќе си знаеш за другпат.

Потрошувачката е таа кај Алфа ЈТД, и кај мене е 8.2 моментално, за градски услови нормално возење, комбинирано со одење на работа и викенд.

Што се однесува до подвозјето, незнам, ако немаш некој звук на чкрипење на гума, некакво лупање, не гледам причина да менуваш нешто, евентуално можеш да центрираш предница и задница.

Што се однесува до корозија, незнам дали знаеш, ама 147 е галванизирана.
http://en.wikipedia.org/wiki/Galvanization
така да нетреба премногу да му се сеќираш.

@memori
Јас не сум ја купил на ново, половна е, да точно е дека за малку пари добиваш многу опрема, ама мораш да ја видиш и другата страна, за малку пари добиваш и многу можни потенционални проблеми.
Не ја гледам логиката кај некои луѓе што кај една половна кола бараат се да има од опрема. Во 90% од случаите тие работи можеби и нема да ги користиш. Јас кога барав кола барав да има само АБС, мин. 4 воздушни перници, клима и толку. Нормално Алфата има повеќе, АСР (за пролизгување) 8 воздушни. Единствено можеби темпомат добро ќе дојдеше, да неморам гаста нон стоп да ја држам.

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #148 на: 06 Февруари 2012, 12:52:03 pm »
@AllMightyMe

ја знам постапката, не беше проблем до компјутерот. Ги следам 3те англиски форуми, бугарскиот, и хрватскиот форум, запознаен сум со повеќето работи што можат да се најдат онлајн. Беа цревата, и тоа и двете, на почеток мислев само горното е проблематично, долното потешко се проверува. Ме мрзи сега да опишувам целиот процес на дијагностика, ама научив доста повеќе од што некогаш замислував дека ќе знам за коли. Добро, од кога на коливе ставија компјутери, повеќе се во моја област него автомеханичарска :) Инаку, цревата за турбото се потрошен материјал, 3-4-5 год или 50-100 илјади километри. Голем притисок, температура, уље, тоа е тоа за гумата, па колку сака добро да е направена. Фиксни цевки не вршат работа поради осцилациите, и тоа е тоа. Како што мењаш гуми, уље, ставаш нафта, си учиш дека треба да се сменат и возиш даље.

Имам кабли, ама мојот не е сеуште преправен, пошто сакам да ставам дип прекинувач, да биде по правила. Пар другарчиња веќе имаат модифицирани. (алфаџиите секогаш се најспремни)

Мех, уљето е само 3250, 3те филтри малце ги напумпа, работна рака, и плус 600 денари што ме штекна на компјутер. Смешки, ама добро, јас секому давам една шанса да се покаже. За каишите, прашав цена и кај него, исто со мои делови. Се беше во ред, додека не побара плус 20 евра за менување водна пумпа. Кога се ќе расклопиш, менување на водната пумпа е пар штрафчиња плус, 10 мин тривијална работа. И тоа со штраф кој проврте, на сензорот. Секако, му реков фала, не фала.

Подвозјето е исто потрошен материјал. Пар ствари знам дека се за менување, пар ствари се сомневам, треба да се проверат. Посебно ако веќе отварам, не сакам да оставам работи и за пола година пак да се прави истата процедура. Не е спорно дека може да се вози и вака, ама кога може, треба да се среди.

Повторно, знам дека е галванизирана, ама провери што се случува со делови од шасија кои се удрени, па исправани. Исто, погледни ги колите од Словенија/Австрија, или просто, прашај мајстори. Десната страна посебно страда.







Отсутен memory

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 41
Одг: Купување на увезен автомобил?
« Одговори #149 на: 20 Февруари 2012, 17:54:04 pm »
 Може ли некој да ми даде број од шпедиција каде можам да прашам за каталошката вредност на Алфа 147 2005 год, по можност да не наплаќаат   ;D