Мемори, повели пар лични искуства:
другарче донесе 147 1.6 TS distinctive од Софија, 2010 летото. 3060 евра таму, со регистрација 4900.
Јас донесов 147 1.9 distinctive мај 2011, од Дупница. 3400 евра таму, со регистрација 5000-5100. Во оваа сума на пример влегува комплет летни гуми 320 евра, колата ја зедов со стари зимски, кои не сум сигурен дека ќе истераат повеќе од оваа зима на пример. Обете се со доста опрема, без навигација и парктроник, и мање више се друго.
Тоа време имаше многу малце алфи овде, беа кршови, и барем 500 евра поскапи од Бугарија. Денес гледам страшно многу алфи овде, и во огласите, така да можеби се исплати да се погледнат сите достапни, ако ништо друго, да стекнеш осет што чини што не. За колата за која побара коментар, прва забелешка ми е, Бургас. Ние кога правевме план, гледавме коли од Ќустендил, Дупница, Благоевград, Софија, поради логистички причини. Да можеме да ојдеме во ден, да завршиме работа, да се вратиме. За мене излезе дека колата која ја бендисав не можев да ја земам дента, имаа празник. Оставив капар, се вратив за некој ден, заглавив на технички, преспав во кола уште еден ден. (ми беше шубе да ја оставам таму сама, не можев да ја возам без таблички).
Како ја бирав:
ги следев огласите и читав за 156/147 пола година. Кога дојде време да зимам, ги испечатив сите огласи што ми беа интересни, 147 според градови, 156ки според градови како резерва(156 седан ми беше најубава и прв избор, жената ми беше по 147, 156 спортвагон компромис. Размислив, сфатив дека е во право, се решив за 147: попрактична за градски услови, понов модел).
Колите одеа што ми беа интересни одеа од 2500 до 3500. На прво место ги ставив поскапите, ми беше побитно да е во подобра состојба одколку да е поефтина. Се јавив на неколку најинтересни огласи, да видам дали луѓето постојат, дали се слободни тоа време кога ќе одам, и слично. Претпочитав плацеви, не приватни огласи поради документација, они да ми завршат работа до граница, но оставив можност да видам на лице место што ќе ме бендиса. Земав другарчето со ТС-то да ми прави друштво, како поискусен од мене со коли. Требаше да имаме уште еден со поголемо искуство, излезе дента да е спречен да дојде. Погледнавме практично 2-3 коли пред мојата, и бефме веќе тргнати накај Софија со умот, кога ја видовме мојата. Во старт се откажав од озбилни анализи на мотор, знаев дека и со најдобар мајстор е прашање на среќа, гледавме да биде добра каросериски, да не била во озбилен удар, ентериерот внатре да покажува знаци на одржувано возило. Гледав гумата на педалите, рачките од вратите(посебно внатре), појасот, седиштата, воланот дали покажуваат знаци на истрошеност. Тогаш немав софтвер и кабли, денес би си носел и тоа за дијагностика на лице место, колку да се запознаеш со грешките, доколку не се исчистени од газдата. Реално, тешко дека ќе имаш време за озбилни сервиси и анализи, освен ако немаш поинаков аранжман од нас. Првата што ја гледавме, од приватно лице, имавме можност да ја провозиме по градот, мојава едвај свртевме кругче на плацот. Палеше без проблем, сијаличките за аларми се палеа сите на старт, и се гасеа кога ќе запалиш(немаше маскирано). Кога ја добив пар денови покасно, веќе имаше аларм за грејач, можеби нешто чепкале во меѓувреме, можеби така се погодило, ама не сметав дека е јако битно( и ден денес свети, ме мрзи/не сакам да го пипам, си пали без проблем и на нашево ладно). Значи, моторот работеше добро, палеше без проблем, не приметивме тогаш проблем со турбината. Имаше проблем, забележав после некоја недела со другарчиња дека свири на папуча до под, и не влече како треба-другарче со 156 2.0, има осет колку би требало да оди, мене ми одеше и така добро, не бев научен на алфа, ни на стискање папуча до под :> Пошто мајсториве ни се бескорисни, прочитав и научив дека чест проблем се гумените црева од турбото(си имаат век на траење, потрошен материјал), сменив и двете, пред тоа исчистив ЕГР, и тек тогаш сфатив колку всушност одела алфата :> (еден од главните знаци на проблем со цревата, дими како локомотива на нагло додавање гас и угорници, но тоа време веќе имав и дијагностика моја, си читав кодовите за грешки)
Една од работите која ми значеше за колата, имаше резервен клуч(без далечинско вистина) и кодна карта, обете картончиња. Колата во Бугарија беше само неколку дена, тазе донесена од Италија. Според документите, имала 2 сопственици, од кој првиот ни цела година, и автокуќи помеѓу. Според километража, имаше 136 000, според мотор 190 и некоја иљада, не ми личи дека многу повеќе од тоа е враќано. Ако баш сакаат, можат и километража на ЕКУ на мотор да вратат, иако чини доста повеќе. Реално, дизел кој не поминува 20 до 30 илјади годишно, мора да се запрашаш зошто? Добро, ние сме исклучок, мала земја, јас не верувам дека ќе проаѓам повеќе од 10-12 000 годишно ако нешто не се смени.
Трошоци до сега, 9 месеци поминато кај мене:
летни гуми 320 (во цената горе) Бриџстон ЕР300 од Стоп&Го
2 црева за турбо 70тина евра добри половни (120-140 евра нови)
филтер воздух, масло, нафта, ново масло, работна рака кај Тони 7000 ден (ме закла 1-2 илјадарки)
ребрест каиш, затегач, ролер, помошен каиш затегач ролер, водна пумпа ,антифриз, работна рака кај Аце и Гојко (деловите од Ото кај мавровка) околу 250-300 евра
задни плочки(пакнови), двете сајли за рачната, работна рака кај Аце и Гојко околу 4000ден
совозачки прозорец, благодарејќи на заборавен ранец од баскет, половен 50 евра
to do list:
треба да почнам да средувам подвозје, задни држачи, можеби некоја вилушка напред, ќе видиме (од 200 евра па нагоре, 600-700 веројатно за цел ремонт)
неисправно копче на темпоматот, некој викенд кога нема да ме мрзи, сеуште не ми затребал доволно
воздушни перничиња, 99% конекторот/каблите под совозачко седиште.
веројатно наскоро ламела/замаец, или алтернативно да престанам да ставам цигла на гаста на старт и претицање :>
просечна потрошувачка 6.5 ектодизел од лукоил. 5-6 отворено културно, 7-8 јако некулутурно и нелегално, градска 7-9 во зависност од гужвата. ако си на седативи можеш и под 5 да симнеш, со возење 80-100, полесно на регионален пат со убави кривини