На страна заебанции и она ....Да даде господ да му зариба коцката на Куоре...!
Озбилен муабет....Имам пријател со Алфа 159 ЈТДм. Чипивана, пувана, пазена тафрена шо да ти кажам.
Вчера беше кај мене на кафе и онака малку муабет за коли како и секогаш.
Пред 4 месеци кога си дојде претходниот пат, ми кажа дека сака да зима друга кола и кога го прашав дали ќе ја продава Алафата...вика...не не можам да ја продадам ја сум заљубен во Алфа..нека седи ако треба.
Арно ама...Без разлика што зборува така сепак е ја продаде, не за друго ама оти му е жал што не ја вози, бедејќи не е тука.
Кога го прашав шо е поентава зошто ја продава...нели нема....кажа вака,
Си идам еднаш на три месеци...нема кој да ја вози...татко ми ја пали од време на време ама малку е тоа.....ептен ја пазам и чувам ама џабе...секој пат кога ќе си дојдам од шо не е возена после ми се јавува некој проблем. Многу се специфични коли...Алфа не е за секого, да знаеш.
Не само да ја одржаваш, треба да знаеш и да ја возиш.
После два дена во вожња му експлодира гума. Нови гуми, не возени, ама од стоење изгледа....излета од пат и со цела десна страна ја изора банкината.
Му ја направија, лупна 7.500 евра.
Поентава со прикаскава ми беше....не купуј Алфа ако не знаеш како треба со неа.
Земи си ГОЉФ или некоја Тојота и терај.