Додека не капне просечно по 7200еур на секој први, за се ќе се најдат замерки. Исто како во Швајцарија.
Капне ли, и магично ќе ги снема сите проблеми.
И обратно. Да им капнат на Швицарците 400еур во просек месечно да видиш како се ќе им смета наеднаш.
Од прва рака. 
Треба да си ги заработиш парите...Не да чекаш да ти капнат...Никаде на светов никому не капе ако не си го испоти гзот.
Еве ти пример:
Викнеш мајстор електричар, доаѓа дома кај тебе после недела дена водење телефонски разговори иако си го чекал уште после првиот телефонски разговор. Прво ти влага како стока , нит нозе брише нит нит се собува. Се распостелува со скапаниот куфер небаре на градилиште ти е, а не дома, без да се секира дали ке ти оштети, испрља или искине...Вади алат, запиња без осет. Крати кабли, изолира, вади изолир, сеедно, на земја ги фрла отпадоците...Треба да се подкачи на нешто, зима столица, се качува директ. Си оди, ти зима 500 + денари...
Ти имаш после него работа два саата. Прво ја чистиш столицата, па зимаш ги собираш остатоците од неговата работа, сваќаш дека ти направил лом и кај шпто го оставил куферот...Усисаваш, џогираш и сваќаш дека после мајсторот си изгубил 2 саата минимум. И пробуваш да видиш дали ти го средил проблемот, да тој е среден, но испаѓа дека се појавил друг односно шукото ти работи али сеа немаш светло у дневна...Пак му вртиш и он целосно збунет, ама вика дека ке види што се случило, но нема да може наредни два три дена, али ке ти се јави....И нема да се јави никад...
Друг пример ке биде сувишно да наведувам затоа што 90% од мајсторите се такви...Така можеш да заработиш 400 евра а и тие ти се многу...
За 7000 евра има на газдата да му усисаш и изџогираш и кафе како мајстор да му направиш. + нема да го чекаш со саати или цел ден, да не ти крева на телефон, и на крај да ти се јави и да ти каже у 9 саат вечерта дека заглавил и дека ке те бара утре...А ти цел ден си го изгубил чекајќи како идиот и не си завршил 100 други обврски кои си ги имал.
Апсолутно се слагам со @velestrumf околу културата на возење. Тоа е една причина плус да се ствара гужва по сообраќајниците. На пример во Белгија, пред 4 или 5 месеци, се чудев зошто има две ленти а едната од нив има возила во должина од можеби километар најмалку, а левата лента нема гужва. Уствари левата лента водела накај некое си место, а десната води кон централно градско подрачје. НО најчудното ми беше зошто ниеден возач не се прави најпаметен да вози по левата лента и како свиња да се пика во десната за да помине побрзо и да биде фраер???
И лентата од еден километар во такви услови за не помалку од две минути се расчистува. Ајде еве да не претерам нека бидат 5 минути, но тоа е максимум...
Тоа е тоа...