Вчера, после 68.334 км, направен осми редовен сервис.
Сервисот го правев во Д-р.Авто, сервис за Волксваген групација кој се наоѓа под бензинската Топ Трејд во Злокуќани.
Прво добив добри препораки за дечките, а второ и пресудно, блискоста до кај што живеам и работам.
Деловите ги порачав од Дојчланд, а за достава се погрижи Велештрумф.
Сменето:
- масло Castrol Edge 5W40
- филтер за масло Mann
- филтер за гориво Mann
- филтер за кабина, MANN biofunctional
- глицерин Castrol React DOT4
- антифриз SWAG G12+
Направена дијагностика и не е појавена ниту една грешка.
Комплет проверено подвозје и нема никаква маана.
Проверени плочки за кочење, задните треба да се сменат за максимум 3-4.000 км, а предните на повторна проверка нареден сервис, па може тогаш да се мењаат (сервисот работи со Pagid, и за истите примаат рекламции во случај на појава на цвилење/квичење)
Вкупна сума за материјал 144,74 eur. - 8.896 ден.
Работна рака 1.300 ден.
Вкупно 10.196 ден.
идемо даље