Писмена работа по македонски јазик.
Како го поминав летниот распуст.
Летово иако не планиравме да се вдадеме на пат со бебушиве, сепак се одлучивме малку да шмркнеме солена вода. Велат убаво било и за деца и за возрасни. Оставивме за крај на сезона, ем да пркнат колку може бебушите, ем ме нервираат гужви, ем мразам да се чваркам на јако сонце. И така 5-ти Септември се дадовме на пат, Грција, Ситонија, Неос Мармарас.
Патот:
Трошоци уште на старт колку сакаш, зален картон за 6 месеци 5500, 3 пасоши 5000, каши-маши, бекутани, небитно за овој форум, али глава да те фркне
.
Товарив гепекот, товарив другиот гепек, натанкав на ЛукОил резервоарот и рано сабајлечки тргнавме.
Е сега, кога одиш со деца или попрецизно бебиња, гледаш да превалиш повеќе километри додека спијат, пошто додека не спијат гледаш да превалиш што повеќе километери заради екстра сараундот. Брзо стигнавме на граница и пред граница направив рифјуел: 158км, просек 8,45л/100км.
На граница заглавивме 2 саати и 40 минути заради пад на системот на Грчка страна. Нервози колку сакаш. Тука имаше едно 40-тина минути како колата работи во место со вклучена клима, јеби га. Поминавме и спраштивме надолу.
Целото патешествие го извозив со CoPilot Live и му го препорачувам на секого. Поготово Грција е многу детално мапирана, дозволената максимална брзина ја јавува на самото место каде што е поставен знак, во ниеден момент не дозволува ни да помислиш дека има шанси да утнеш. Дури во мапата го имаше и нашиов комплекс, така да не однесе директно пред апартман.
Се бањавме, сончавме, шетавме итн.
Назад цепаме за Охрид, преку Богородица (читај Фри Шоп). Пауза на РТ Петрол.
Е сега, кој го наведува пат накај Гевгелија, слободно и има моја препорака да си направи пауза во РТ Петрол.
Зошто? Покрај тоа што е бензинска, па освен за точење бензин може и да се одмори убаво:
- сенка за паркирање
- бесплатно ви-фи
- ефтина и многу вкусна храна
- пријатен амбиент покрај фонтана (иако си покрај автопат)
Значи порција стек кој беше еден од подобро спремените што сум ги пробал, сосе гарнир (помфрит, патлиџан, краставица) чини 100 денари (бар мислам). Али точно знам дека 3 порции стек, дупла шопска, 3 кока коли, потпечени лепчиња, екстра помфрит беше 830денари. Ефтино, а мноогу вкусно. Да ми кажал некој дека некогаш ќе фалам храна на бензинска, шлајфка на стапало ќе сум му направел.
Продуживме, преку Прилеп, па Битола, тука направивме допуна на ЛукОил: 569км, просек 7,69л/100км, па продолживме накај Охрид.
Охрид - Скопје го извозев со просечна потрошувачка 6,7 и тука најубаво ја видов разликата која ја прави дополнителниот товар и куферот на кров. Значи ист стил на возење, временски исто, без гужва, потрошувачка 1л погоре.
На Стража:
Целото патешествие: