Автор Тема: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift  (Прочитано 154922 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #210 на: 06 Август 2012, 08:54:35 am »
AИрлија нека е, нека се помножат по 100 да даде господ :)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #211 на: 06 Август 2012, 09:05:51 am »
Нека се множат само со арно и редовни сервиси  ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #212 на: 18 Септември 2012, 22:35:21 pm »
Писмена работа по македонски јазик.
Како го поминав летниот распуст.

Летово иако не планиравме да се вдадеме на пат со бебушиве, сепак се одлучивме малку да шмркнеме солена вода. Велат убаво било и за деца и за возрасни. Оставивме за крај на сезона, ем да пркнат колку може бебушите, ем ме нервираат гужви, ем мразам да се чваркам на јако сонце. И така 5-ти Септември се дадовме на пат, Грција, Ситонија, Неос Мармарас.

Патот:



Трошоци уште на старт колку сакаш, зален картон за 6 месеци 5500, 3 пасоши 5000, каши-маши, бекутани, небитно за овој форум, али глава да те фркне :).

Товарив гепекот, товарив другиот гепек, натанкав на ЛукОил резервоарот и рано сабајлечки тргнавме.





Е сега, кога одиш со деца или попрецизно бебиња, гледаш да превалиш повеќе километри додека спијат, пошто додека не спијат гледаш да превалиш што повеќе километери заради екстра сараундот. Брзо стигнавме на граница и пред граница направив рифјуел: 158км, просек 8,45л/100км.
На граница заглавивме 2 саати и 40 минути заради пад на системот на Грчка страна. Нервози колку сакаш. Тука имаше едно 40-тина минути како колата работи во место со вклучена клима, јеби га. Поминавме и спраштивме надолу.

Целото патешествие го извозив со CoPilot Live и му го препорачувам на секого. Поготово Грција е многу детално мапирана, дозволената максимална брзина ја јавува на самото место каде што е поставен знак, во ниеден момент не дозволува ни да помислиш дека има шанси да утнеш. Дури во мапата го имаше и нашиов комплекс, така да не однесе директно пред апартман.

Се бањавме, сончавме, шетавме итн.



Назад цепаме за Охрид, преку Богородица (читај Фри Шоп). Пауза на РТ Петрол.
Е сега, кој го наведува пат накај Гевгелија, слободно и има моја препорака да си направи пауза во РТ Петрол.
Зошто? Покрај тоа што е бензинска, па освен за точење бензин може и да се одмори убаво:
 - сенка за паркирање
 - бесплатно ви-фи
 - ефтина и многу вкусна храна
 - пријатен амбиент покрај фонтана (иако си покрај автопат)

Значи порција стек кој беше еден од подобро спремените што сум ги пробал, сосе гарнир (помфрит, патлиџан, краставица) чини 100 денари (бар мислам). Али точно знам дека 3 порции стек, дупла шопска, 3 кока коли, потпечени лепчиња, екстра помфрит беше 830денари. Ефтино, а мноогу вкусно. Да ми кажал некој дека некогаш ќе фалам храна на бензинска, шлајфка на стапало ќе сум му направел.

Продуживме, преку Прилеп, па Битола, тука направивме допуна на ЛукОил: 569км, просек 7,69л/100км, па продолживме накај Охрид.

Охрид - Скопје го извозев со просечна потрошувачка 6,7 и тука најубаво ја видов разликата која ја прави дополнителниот товар и куферот на кров. Значи ист стил на возење, временски исто, без гужва, потрошувачка 1л погоре.

На Стража:



Целото патешествие:




Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #213 на: 18 Септември 2012, 22:59:44 pm »
Наздравје одмор! :)
Мислам дека потрошувачката е наместо со оглед на тоа дека е работена во место и тежина на товарено возило била 1600-1700кг?

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #214 на: 18 Септември 2012, 23:06:07 pm »
Браво за постов маријанчо, топ рута и објанување .. Се надевам не зажаливте и уживавте со тројцата мускетари таму на задно :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #215 на: 18 Септември 2012, 23:07:01 pm »
Супер потрошувачка. Дополнителен товар, куфер ова она... одлично моторче е ова.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1265
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #216 на: 18 Септември 2012, 23:12:19 pm »
Одличен (5) !

;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #217 на: 18 Септември 2012, 23:16:25 pm »
Друже ти си праел деца и си се забораил ;D
али добро си ги исхендлал. Браос.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16709
  • Keep it 100
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #218 на: 18 Септември 2012, 23:17:01 pm »
Gangsta gangsta! 8)


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #219 на: 18 Септември 2012, 23:17:26 pm »
Фејк ;)
;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #220 на: 18 Септември 2012, 23:19:47 pm »
Наздравје одмор! :)
Мислам дека потрошувачката е наместо со оглед на тоа дека е работена во место и тежина на товарено возило била 1600-1700кг?

Ај во место работењето може и да се занемари за толкав изминат пат, али куферон горе јаде литро + ко чала. А цирка 1600кг беше, пошто се замарав да пресметам грубо :)

Браво за постов маријанчо, топ рута и објанување .. Се надевам не зажаливте и уживавте со тројцата мускетари таму на задно :D

Абе кога веќе думкаме и вриштиме бар да думкаме и вриштиме на море ;D. Повеќе замор од одмор, али важно Марко (најстариот) се изнаужива :)

Супер потрошувачка. Дополнителен товар, куфер ова она... одлично моторче е ова.

Според мене сосема коректна, очекував над 8.

Одличен (5) !

;D

Хвала друже професоре :)

Друже ти си праел деца и си се забораил ;D
али добро си ги исхендлал. Браос.

Ако треба туторијал за близнаци, тука сум да советувам  ;D

@Fic_CC за мерак беше спуштена, натовартена, баш како што треба :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16709
  • Keep it 100
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #221 на: 18 Септември 2012, 23:28:59 pm »
Затоа викам само уште бандаживе ти фалеле.

Фаланга кој те праша тебе за мислење?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #222 на: 18 Септември 2012, 23:29:27 pm »
 :-X

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #223 на: 19 Септември 2012, 00:39:53 am »
одлично :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Seat Leon 1.4 TSI Style Facelift
« Одговори #224 на: 19 Септември 2012, 08:07:01 am »
Добро си ги сместил на задно седиште, ко под конец ;D


Свака част за постов.