Well this is interesting
Сабајле на сервис ги разгледав цениве на деловите и некако не ми изгледаа дека се незнам колку солени, дека ме заклале, овластени кољачи и слично, па ги разгледав на мец и гледам дека сум бил во право. Ај си викам, интернет е во свет, дај да видам како се цениве кај нас. И тркнав до најблискиот бутик, а нормално дека ќе споредам и на друго место.
Епа вака:
Овластен сервис Бутик
Филтер за воздух: 1,208 ден. 920 ден.
Филтер за масло: 755 ден. 1,110 ден.
Филтер за гориво: 1,619 ден. 1,390 ден.
Филтер за полен: 720 ден. 660 ден.
Масло Мотул 8100 5-40 2Л: 1,673 ден. 1,700 ден.
Вкупно: 7,648 ден. 7,480 ден.
Напомена: филтрите од бутикот се Hengst.
Несакам ниту да напаѓам ниту да бранам.
- Дали е стереотипно сваќањето кај нас дека во сервис колат?
- Дали се исплати да ризикуваш гаранција, т.е. некоја стотка или иљадарка при отуѓување на возилото ако не го сервисираш во овластен сервис?
На секој сервис до сега (не дека ги има многу, 3 се), било на форумов или некој поблизок, ми вика аман те заклале. И јас така си викав, но ете ги бројките.
Маслото качува многу на цена. Но прашав за замена, еве не мора Мотул, нешто во таа класа. Кастрол никако, Мобил1 не, Ликви не, туку Арал. По цена од 640 ден/Л. И за Аралот ми кажа „иако ти го препорачувам, далеку е од Мотул. Мотул е закон поготово за овој тип на мотори“.
Здравје ќе видиме како ќе биде со другите делови (каиши, затегачи), но ова до сега е стварно да те замисли
Едит2: Цената на маслото кај овластениот сервис ми беше напишана без ДДВ. Поправено. Разликата е помала кај вкупниот износ сега.