Угостител по струка, од оние ендемските видови.
Неуспешен студент, воен ветеран, нереализиран DJ, итн, од се помалку и ништо конкретно.
Хоби и спорт: читкање стрипови, научни книгичиња, па испичутура, авантуриста, бициклист, луд возач (така ме нарекуваа), па глумење механичар во двор со југото, итн
Ова е најинтересно, тогашното југце го дотерував по денешен карклуб критериум: спуштање, бандафче, ремапче (карбуратори), и најбитно, беше со теписонски патосници
, да не спомнувам воланче, издувче, фолииче, и други џиџи миџи. Ех, младост лудост
Денес, семеен човек, вработен како интендант (момак за се) во сериозна фирма
Едит: За малку ќе завршев во дијаспора, ама home sweet home.