Како пред некој месец да беше кога пишав во темава.
После 2-3 месеци вртење на огласот и исто толку преговарање околу условите(читај бруто-нето) најдовме заеднички јазик со менаџерот и директорот.
Па од утре сум на нова позиција,Супервизор во одржување.
Одговорноста ми се зголемува х 3 пати,под мене ќе бидат тројца сменски Формени,9 машински техничари и 20+ одржувачи.
Овој период се врши оптимизирање низ цела фабрика за почнување со изработка на профази за новата Е класа,малку хаотичен период но што е тоа е,спремен сум за нови предизвици.
Малку СВто да го надградам.
П.С До крајот на годинава очекувам да излезе и европското Б државјанство па здравје и со нови предизвици.