до овластениот од форд,
се работи за форд фиеста 2010 тдци.
колку е промена на уље,филтер за уље,филтер за воздух....без филтер за нафта?
и на колку км се менува филтерот за нафта?
уште еднаш да прашам,бидејќи докторот не видел.
Добро утро,
цената на бараната сервисна активност е следна:
- моторно масло 4 Х 450,00 .....................1.800,00
- филтер за масло ................................... 851,00
- филтер за воздух ................................1.660,00
Филтер за гориво е 4.348,00 денари и се менува на на секој втор сервис.Она што сакам да нагласам е дека комплетниот сервис со сите филтри,30 визуелни проверки и перење на возило чини 6.100,00, ова е сервисна акција која е во тек и е со попуст од 35%.
Се надевам дека Ви дадов детална инормација и сакам да потсетам дека на нашата веб страна можете да ги видите сите сервисни активности и акции кои се однесуваат на Вашето возило со впишување на VIN од Вашето возило.
Поздрав и пријатен ден,
Докторот