едно прашање, за стара фиеста МК4, 1,3 1996 јули, 37кв (Ендура). Оригиналниот акомулатор го сменив во фебруари 2008, на пат од работа до дома и изгаси на сопругата, не верглаше добро, дојдов со друга кола и кабли и запаливме, ама од предострожност да не се повтори тоа по некој ден купив нов акомулатор, Рокит 44Ах. Тогаш приметив дека кога го ставив на кола, едно 10-15 минути немав добро забрзување, наводно му треба време на ЦПУ да го препознае новиот акомулатор ?
Патем, има ли посебна препорака за акомулатори за фордови возила ?