Здраво Дечки,
Доста ве читам во оваа па и темата за полирање па решив сам да пробам да ја восоцирам колата па имам некои нејаснотии пред да почнам со процедура.
Исто гледав видеа на јутуб што како па за сигурно да си прашам тука пак.
Кола:
Голф 5 ЦРН 2004
Бојата на колата е релативно зачувана па восоцирањево би му дошло како заштита и сјај.
Како прво што восок препорачувате? Тука во Гостивар па и нема некој голем избор. Производите на Сонакс и К2 се највеќе застапени па препорачувам некој од нив да користам.
Од К2 како што гледав имаше течен и тврд восок па ете од нив два кој би бил соодветен.
Друга работа. Нанесувањето. Пошто немам полирка нанесувањето би било рачно али и купувањето на некоја полирка до 5000-6000 денари не е исклучено доколку би се завршила работата многу побрзо и полесно.
Доколку би одел на рачно, не ми е јасно колку од стреството би нанесол на колкава површина? Да не испадне да го ставам целото

За нанесување со што да го нанесувам? Има некој специјален сунѓер или? Каков да барам?
После нанесување колку време колата треба да остане пред да се пребрише?
За бришење како што ве разбрав со микрофибер крпи така?
Што ако останат флеки после пребришување или ако евентуално нешто заебам. Дали со перење со шампон со висока PH цел восок ќе излезе заедно со флеките?
Дали треба уште нешто да се нанесе после нанесување восок?
Поздрав.