Те гледам, вака се распрашуваш, сакаш да почнеш бизнис со нешто што не ти е баш познато како проблематика...
Јас искрено, би ги преиспитал ставовите околу тоа. Ако имам пари за вложување, би ги вложил во нешто што го познавам и знам да го работам.
Конкретно за случајов, Ако до сега самоиницијативно немаш растурено барем 2-3 коли за да им ги шиткаш деловите - ич не ни пробувај. Зачувај си ги парите за нешто што би знаел да го правиш, бидејќи големи се шансите да не успееш во очекуваниот период (не очекувај дека веднаш сите ќе нагрнат кај тебе по стари делови), па да ти пропаднат инвестираните пари.
Инаку, како и секој друг бизнис, ако знаеш што работиш, и ако го работиш професионално и чесно, без да очекуваш брз профит за кратко време, сигурно дека ќе вадиш за леб.