Размислував дали да зборам на форумов за дадената услуда на Самад, мислам дека е во ред да се збори објективнои реално за да се видат двете страни. По долго канење решив да ставам навлаки од кои после се покајав!
Прво, се разочарав од непрофесионалноста на тимот бидејќи им ја оставив колата на доверба а они ја оставиле со отворени врати на дожд и целото седиште е уцицано со вода!!!
Второ, многу битно ми беше и мислам 20 пати ги прашав за air bag от на предните седишта а они со одговор без гајле имаме решение за тоа но не видов кај им е решението зошто целата страница е покриена со материјал!
Трето, толку фалените материјали се гз! Ми дадоа да си одберам дезен, пеки но материјалот што е ставен на задниот дел на седиштето е мизерен.
Четврто, најмногу се изнервирав што го разочарав татко ми со мојот избор а сто пати ме праша! А јас сигурен ко слеп за стап, ама тоа е тоа!