Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 305401 пати)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1380 на: 09 Јули 2021, 13:25:01 pm »
Знае ли некој дали може да се смени датум на регистрација и полиса да бидат порано од постоечкиот?
« Последно менување: 09 Јули 2021, 14:00:48 pm zvonkog »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1381 на: 09 Јули 2021, 13:42:54 pm »
Само подоцна.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1382 на: 09 Јули 2021, 13:51:22 pm »
Знае ли некој дали може да смени датум на регистрација и полиса да бидат порано од постоечкиот?

Зошто?
Можеш да ја регистрираш колата до еден месец порано, технички/осигурување.... Во сообраќајна и полиса ќе стават датуми од кога истекува постоечката регистрација/осигурување.... Нема преклоп на временски период.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1383 на: 09 Јули 2021, 13:59:26 pm »
Знам дека може да ја поминам порано од датумот на регистрација и да остане стариот датум....... Муабетот е датумот да го сменам порано ради нов зелен картон кој ќе оди на новата полиса и ради датум на патување.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1384 на: 09 Јули 2021, 14:25:55 pm »
Проблем се јавува со датумите - дупло/повеќекратно осигурување на исти предмет, се комплицираат работите... Прекин на осигурувањето, раскинување.... дополнителни трошоци, проблем со попусти и слично...

За подетални информации најдобро обрати се осигурителните агенти кај кои се осигуруваш.

Исто и јас, сум земал зелен картон (1 месец) пред истек на осигурување. Не ми било понудено целосно префрлање на датумите за целосна регистрација да биде порано....
Ми било само советувано, наредна кола кога ќе купувам, задолжително да гледам да има помалце коњи за да плаќам поевтин зелен картон :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1385 на: 09 Јули 2021, 15:38:19 pm »
@R2D2 го сфатив тој момент и јас одма, ама ај си викам да не има некоја можност да се поништи старата полиса, иначе муабетов е за 4 дена порано да се помести, пошто немав стар зелен картон!

Како и да е, сега се враќам од регистрација и од контролорите и од полицискиот шалтер во ПСС ми беше кажано дека НЕ може да се помести датумот порано, претпоставка моја и по логика на нештата, покасно веројатно може.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1386 на: 09 Јули 2021, 15:47:39 pm »
Место да вметнат во регистрација кај сите плус 10 евра и сите да имаат "зелен картон", со што ќе престани да пости зелениот картон, тие уште се глупираат со за еден месец па кога била осигурана итн. Болна држава.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1387 на: 09 Јули 2021, 15:55:26 pm »
абе у пм со зелениов картон, @Skywalker се слагам со тебе за некоја таква варијанта..........или пак да направат како Србија договори со скоро сите држави (исклучок се само 5-6 држави во Европа) дека важи редовното осигурање во странство, мал куриозитет Србите мора да вадат зелен картон само за Македонија кога одат на југ, за Грчка не им треба.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1388 на: 20 Јули 2021, 09:55:00 am »
Некој да не земал автомобилска асистенција од Халк осигурување и кои се лимити ги има? Таму ми е полисата, може ќе имам некој попуст.
Многу чудно, на ФБ имаат реклами за истото, на веб страницата никаде го нема.
Ако не - во Триглав е 2400 за неосигурани возила кај нив (полисата да е во друга компанија).

Ќе ми треба зелен картон, патничко и би сакал да земам асистенција за одморов...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1389 на: 20 Јули 2021, 12:04:57 pm »
Види го ова: https://play.google.com/store/apps/details?id=co.cvik.user

И види си АМСМ ако сакаш класична опција.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1390 на: 05 Август 2021, 10:14:34 am »
Нешто средував архива и налетав на полисава.





Од 21.09.2011 24:00 час до 21.092012 24:00 час.
Што е тоа 24:00 час, кога почнува а кога завршува датумот (денот)?
Ако е по истекот на 24:00 часа од 21ви, тогаш веќе е 22ри, и треба да стои од 22.09.2011.
Или, ако толкувањето за почетокот на регистрацијата се примени на завршетокот од регистрацијата, излегува дека би требало да важи и 22ри.


Би се рекло дека годината трае од 31.12 2011 до 31.12 2011

Се прашувам што се запишува доколку колата се осигура на 29.02 2011?
Бидејки се инсистира да се ставаат исти дати, претпоставувам дека ќе биде од 29.02 2011 24:00 до 29.02. 2012 24:00.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1391 на: 05 Август 2021, 10:34:58 am »
Треба да стои од 21.09.2011 00:00 час до 20.09.2012 23:59 час

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1392 на: 05 Август 2021, 10:38:20 am »
Микиус баг му најде во февруари.

Се прашувам што се запишува доколку колата се осигура на 29.02 2011?

Тоа е невозможно.  ;D


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1393 на: 05 Август 2021, 11:27:58 am »
Микиус баг му најде во февруари.

Се прашувам што се запишува доколку колата се осигура на 29.02 2011?

Тоа е невозможно.  ;D
Годината беше произволно земена во однос на 29ти, требаше да барам која година е престапна :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1394 на: 05 Август 2021, 11:30:11 am »
Треба да стои од 21.09.2011 00:00 час до 20.09.2012 23:59 час
Или од 22ри до 21ви, ако веќе инсистираат од некои причини осигурувањето направено во тековниот ден да почне да важи после полноќ.