@Tommy Јас и потесната фамилија сме кај ист осигурителен брокер веќе 12-13 години. До сега не сме имале ниту еден инцидент за да повикаме полиса. За осигурителната компанија тоа се чисти пари. Кај МК нема толку критериуми како на Запад за тоа која цена би требало ти да ја платиш за автоодговорност. Меѓутоа, врз основа на искуството што го имаме и довербата, ние го добиваме тој попуст. Конкретно уште една кола сега осигуравме кај неа и бидејќи ова и беше прва на сопругата на нејзино име, нормално немаше по правило никаков попуст.
Агентот ни даде 20% попуст.
Ако не ви е логично, треба да знаете дека секој агент врз основа на прометот што ќе го направи може да оствари некои дополнителни бонуси. Така некои свесно се откажуваат заради остварување на бонусите од компанијата. Али ова го можат агенти што прават сериозен промет.
Затоа и ви реков, се зависи каков е агентот и каква соработка имате.
Иначе се дава попуст и на зелен картон.