Од аспект на пенали, нема никакви. Можеш да ја оставиш колата 3 години нерегистрирана, па пак да си ја регистрираш.
Таблици мислам дека ќе мораш да смениш бидејќи по истек на регистрација му доаѓа како прв пат да ја регистрираш колата.
Проблемот е што ден после истекот на регистрацијата веќе не е легално да е колата на улица. Не е регистрирана, не е осигурана. Не-дај-боже да се деси некоја (па и најмала) дешавка, по дифолт си крив, немаш осигурување никакво (па ќе треба да покриваш трошоци и на другата страна), а ако се инволвира полиција ќе го земеш на усни немиен од казни.