Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 314198 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4279
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1290 на: 21 Септември 2020, 09:14:49 am »
@Luki Junior  не трае авто осигурувањето до 31.12 до 23:59, па од 1.1 почнува ново? Така ми објасни Саша од Хук Кобург кога го прашував.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1291 на: 21 Септември 2020, 22:26:19 pm »
@Luki Junior  не трае авто осигурувањето до 31.12 до 23:59, па од 1.1 почнува ново? Така ми објасни Саша од Хук Кобург кога го прашував.

Можеби по документи кај него и така да трае и таков такт да има за плаќање. Јас ти кажувам како функционира во пракса.
А тој Саша од Кобург каков кол ќе им набие на сите Македонци во Германија, тоа ќе биде серија со три сезони.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10183
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1292 на: 22 Септември 2020, 01:48:51 am »
Некни @kalimero ми укажа да го прочитам член9 точка1 и отодов директно на него без да ги читам претходните.
Сега ќе објаснам зошто го назначувам овој момент.

Додека читав, морам да признам дека погрешно го поимав зборот осигурувач и помислив дека се однесува на сопственикот на возилото. Иако ми делуваше малку чудно, го пренебрегнав тој момент бидејки воглавно коментирав од мој аспект како сопственик на возило спрема осигурителни компании.
Утредента се навратив на текстот и си ја приметив грешката кога видов дел посветен за осигуреник. Значи, осигурувач е компанијата за осигурување, а осигуреник е сопственикот на возилото. Оттука и се што имав искоментирано е во погрешна насока. Се извинувам за конфузијата :)

@Deni пак имаше пишано да не стварам забуни со странски дефиниции, а всушност Македонските дефиниции ствараат забуна.

Имено, наместо осигурувач да било напишано осигурител воопшто немаше да се доведам во забуна.

Во меѓувреме копав низ дома дали ќе најдам нешто од студентските денови :) и го најдов Стопанското право. Ми пукна малку главата :) но во кратки црти, во делот за облигационите договори основно е да се знае дека се склучува договор меѓу понудувач и понуден и дека договорот се смета за склучен во моментот кога договорните страни постигнале согласност. За ова и не треба да бидеш правник за да го знаеш :)

Денес ми текна да направам мини "анкета" меѓу колегите. Сите до еден не знаеа за "истекот на 24 часот", и сите се сметаа во улога на осигурувач ;D ;D на возилото кога го читаа член9 точка1 и беа збунети од текстот.

ПС осигурувач има значење на добро познатиот осигурач во секојдневниот говор ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4279
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1293 на: 22 Септември 2020, 09:47:31 am »
@Luki Junior  не трае авто осигурувањето до 31.12 до 23:59, па од 1.1 почнува ново? Така ми објасни Саша од Хук Кобург кога го прашував.

Можеби по документи кај него и така да трае и таков такт да има за плаќање. Јас ти кажувам како функционира во пракса.
А тој Саша од Кобург каков кол ќе им набие на сите Македонци во Германија, тоа ќе биде серија со три сезони.
до сега имав прочитано во фб групата само 1 случај со непријатно искуство со ХУК, мада имаше и соодветен одговор од Саша. Тој што се жалеше, немаше се точно наведено како било, според тоа што го пиша и Саша. Верувам со сите компании има понекогаш проблем, како и тука, само да не си у тие најпедерските компании што гледаат баш по секоја цена да не исплатат. Сеуште немам земено полиса, па ако сакаш да споделиш зашто би било заебано со нив би ти бил благодарен (во пп најдобро).

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20699
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1294 на: 22 Септември 2020, 13:29:50 pm »
Ние имаме све осигурано во ХУК (без никакво мешање или учество на Саша), па се надевам дека нема да го изедеме стапот...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1295 на: 22 Септември 2020, 20:44:00 pm »
Нема потреба да пишувам во приватна порака.

Накратко, пресметката за премијата/цената која ја плаќаш во Германија е базирана на одредени услови/правила кои ги исполнуваш.

Тие услови се:
- колку години не си предизвикал несреќа,
- колку години имаш,
- каква професија имаш,
- колку години е стара колата,
- во кој осигурителна класа припаѓа самата кола,
- регионалната тарифа (во кој регион е склучен договорот)
- колку километри возиш годишно,
- за каква намена ги поминуваш тие километри,
- кој друг ја вози колата,
- дали поседуваш недвижен имот на твое име,
- дали ја чуваш во гаража, во заедничка гаража, на улица
- начинот на кој плаќаш

Кога порачуваш сам од интернет/преку брокер кој не го познаваш, мораш да бидеш искрен/реален под сите точки во договорот. Сите промени на било кој услов треба да ги пријавиш благовремено, во спротивно осигурителната агенција има право да ти наплаќа одредени дополнителни пенали за чија сума има потполна дискреција. Значи, ако биде голема беља по твоја вина, осигурителната агенција во секој случај е обврзана да исплати штета. Но тоа другото (со дискрецијата) е проблем.

Брокерите имаат релативно голема слобода да си играат со сите фактори/услови, кога ти генерираат бројче на полиса со кое ќе си ја регистрираш колата. Генерално Хук е една од поевтините осигурителни агенции кои постојат во Германија, дури и кога сам си ја купуваш осигурителната полиса онлајн. Учеството на Саша ја прави уште поевтина отколку сам да си ја склучиш полисата онлајн (кое според мене е десет минути работа и немаш потреба од Саша, Ханс, Фриц, Шефкет, Хасан, Џеват).

Прашањето е, како е можно така? Мојата претпоставка е дека некои од факторите/правилата се “шминкаат“ за да се дојде до најевтината премија која треба да ја платиш за да си ја регистрираш колата. И тоа е во ред, се додека не биде некоја беља. Како ќе се постапува после тоа е помеѓу тебе и ХУК. А не помеѓу тебе и Саша.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4279
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1296 на: 23 Септември 2020, 09:16:53 am »
Прашањето е, како е можно така? Мојата претпоставка е дека некои од факторите/правилата се “шминкаат“ за да се дојде до најевтината премија која треба да ја платиш за да си ја регистрираш колата. И тоа е во ред, се додека не биде некоја беља. Како ќе се постапува после тоа е помеѓу тебе и ХУК. А не помеѓу тебе и Саша.
Истото го имам и јас помислено, и можно е баш заради таква некоја поволност кога ќе има беља нешто да не ти биде признаено. Затоа е најдобро да се земат понуди од неколку места и колку може подетално да се прочитаат сите услови, за да нема непријатни шокови. Секако полисата за кола е една од поскапите и вреди да се потроши повеќе време во анализа и да си знаеш од кои ризици си осигуран и ако од нешто не си, да си го знаеш и да бидеш спремен на тоа.
Имам приметено и доста големи разлики во цените на полиса за кола, со горе доле слични услови, дури дупло поскапи полиси, нешто на што не сум навикнат кај нас каде горе доле се унифицирани цените.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1297 на: 25 Септември 2020, 02:10:05 am »
Нема потреба да пишувам во приватна порака.

Накратко, пресметката за премијата/цената која ја плаќаш во Германија е базирана на одредени услови/правила кои ги исполнуваш.

Тие услови се:
- колку години не си предизвикал несреќа,
- колку години имаш,
- каква професија имаш,
- колку години е стара колата,
- во кој осигурителна класа припаѓа самата кола,
- регионалната тарифа (во кој регион е склучен договорот)
- колку километри возиш годишно,
- за каква намена ги поминуваш тие километри,
- кој друг ја вози колата,
- дали поседуваш недвижен имот на твое име,
- дали ја чуваш во гаража, во заедничка гаража, на улица
- начинот на кој плаќаш

Кога порачуваш сам од интернет/преку брокер кој не го познаваш, мораш да бидеш искрен/реален под сите точки во договорот. Сите промени на било кој услов треба да ги пријавиш благовремено, во спротивно осигурителната агенција има право да ти наплаќа одредени дополнителни пенали за чија сума има потполна дискреција. Значи, ако биде голема беља по твоја вина, осигурителната агенција во секој случај е обврзана да исплати штета. Но тоа другото (со дискрецијата) е проблем.

Брокерите имаат релативно голема слобода да си играат со сите фактори/услови, кога ти генерираат бројче на полиса со кое ќе си ја регистрираш колата. Генерално Хук е една од поевтините осигурителни агенции кои постојат во Германија, дури и кога сам си ја купуваш осигурителната полиса онлајн. Учеството на Саша ја прави уште поевтина отколку сам да си ја склучиш полисата онлајн (кое според мене е десет минути работа и немаш потреба од Саша, Ханс, Фриц, Шефкет, Хасан, Џеват).

Прашањето е, како е можно така? Мојата претпоставка е дека некои од факторите/правилата се “шминкаат“ за да се дојде до најевтината премија која треба да ја платиш за да си ја регистрираш колата. И тоа е во ред, се додека не биде некоја беља. Како ќе се постапува после тоа е помеѓу тебе и ХУК. А не помеѓу тебе и Саша.
Саша е брокер кој што има одреден процент од полиса а со тоа и простор за да си скрати од процентот за да ти даде пониска понуда со скроз истите услови кои што ги сакаш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1298 на: 25 Септември 2020, 09:30:02 am »
За да не претпоставуваме, треба да се види полисата што е со попуст од Саше кои критериуми се одбрани и каква е состојбата на осигуреното возило/лице (како што спомена Луки). Потоа истите да се пополнат онлајн и да се направи споредба.

Ако онлајн е поскапо, Саше би требало да има некој попуст.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1299 на: 26 Септември 2020, 00:48:26 am »
Se germanci stanavte :) , ima li koj da dade pivo koga ke dojdam vo MinKena grada
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1300 на: 26 Септември 2020, 09:34:14 am »
Саша е брокер кој што има одреден процент од полиса а со тоа и простор за да си скрати од процентот за да ти даде пониска понуда со скроз истите услови кои што ги сакаш.

Договорите потпишани преку агент/брокер поради кои треба да има советување, обично се поскапи од тие кои ги склучуваш онлајн и се откажуваш од советување и присуство на луѓе од осигурителните агенции. Ако сакаш лично таква работа, си доплаќаш во договорот.

Se germanci stanavte :) , ima li koj da dade pivo koga ke dojdam vo MinKena grada

Дојди, ќе се најде јунак македонски да даде пиво.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1301 на: 01 Ноември 2020, 08:23:19 am »
Вчера го однесов Дорчо да го потковаат. На 30 ноември му е терминот, ама го тртнав на третман еден месец порано.

Заедно со полисата од матичниот ветеринар дојде околу 12 700.

Ко за кола ми наплатија дамуеам!

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1302 на: 01 Ноември 2020, 08:30:01 am »
Не се потплаши од некој најлон таму?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8770
  • Пичлеме
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1303 на: 01 Ноември 2020, 09:00:16 am »
Мирен е, не клоца :)

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 644
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1304 на: 27 Ноември 2020, 21:01:25 pm »
Дали е потребно полномошно за да возам кола во Македонија која не е во моја сопственост?