Синојка како што знаете бевме на рудине. Се собравме јас, Дени и ЛП (не лоши патишта туку лепша половина), Члинк и ЛП, Мандал и ЛП, AlmightyMe + ЛП и Патронажната + ЛП. На мое изненадување имаше преку 100 луѓе иако од астрономското друштво не бевме повеќе од 15.
Имаше полна месечина и беше многу светло (ова беше килерот на забавата, тотално ја растури). Бевме на надморска височина од 1050 метри и беше многу лааадно (Члинк како жената ти добра ли е?). поради светлоста 80% од метеорите не успеавме да ги видиме но сепак видовме 4-5 многу светли. Како и да е убаво се дружевме, малку и лекции одржавме. Ладното не го издржавме па полека почнавме да си одиме (People's front of Judeah - Zero и ЛП).
Им благодарам на присутните како и на културата и ентузијазмот што го покажаа. Се надевам дека на сите им беше забавно (Особено на комбинацијата Зеро + мојот ласер). Следниот пат кога ќе има повторно телескопи пак ќе ве викнам и тогаш ќе има повеќе работи што ќе можат да се видат. На страна од тоа можеме да си отидеме и независно, одлични журки се прават таму (околу 01:30 дојдоа некои дечки со добро озвучување, опнаа транс и ми го направија меракот). Члинк фала за пивото, одлична работа ми заврши
