Кога почнува да се произведува Модусот?
Пошо во последните 10-тина години,скоро кај секој производител можеш да начекаш детски болести кај некои модели...
Е сеа за 200Ккм,не си имал некои поголеми проблеми(ламела посекако ке си сменел ),само ти си ја сменал порано...
Модус почнува да се произведува 2004, а моделска година 2005.
2007 му е направен фацелифт, а 2009 престанува да се произведува.
Јас тука гледам само 2 дефекти. Не дека ги сакам Рено ама според мене овие другите не се за жалење толку многу. Со едниот прозорец си поминал со 10 евра, со другиот си се зафркнал со тоа што си бил во овластен. Сензорот самиот кажа дека се оправал само со чистење.
Сепак 200К за 8 години не се мала километража, некои од членовите кои го напаѓаат Рено немаат ни толку направено со нивните автомобили за дупло повеќе години и се среќни затоа што немале дефеци до сега
Секој си има свои критериуми за дефект. Кај некој само колата да запали значи дека нема дефект, па макар тоа палење било на буткање.
За мене(верувам и за повеќето луге) дефект значи секое не работење на некој дел на моторот, каросеријата или електрониката.
Не се проблем 200 000 км поминати, туку проблем се првите 80 000 км, каде на колата според моите очекувања требаше воопшто да нема дефекти, а не обратно.
Во врска со прозорците, механизмот за стакло го сменив во овластен сервис поради тоа што кога колата имаше 2,5 години кај и да побарав механизам се чудеа што модел е, а не па механизам да ми понудат. За тоа време си ја дочукав вратата на патарини и на граници, така да морав да го сменам, за разлика од совозачкиот прозор кој 4 години беше фиксиран со дрво додека не начекав прифатлива понуда.
Ме изнервира што од рено за една мала пластика, која очигледно не може да го издржи прозорот ме тераа да го сменам цел механизам со мотор(така стигна и запакуван). Новиот механизам беше со поинаква и поголема пластика, со која 5 год немам мака.
Ова ми се свиѓа, искреност поткрепена со цифри. Одлично претставување, се надевам нема да имаш проблеми во иднина, сеа барем си ја познаваш колата.
Може и со работни налози и сметки, се уште ги чувам. Шала на страна ама сега кога се мислам дали да ја продадам, си викам на толко пари и нервози, тамам ја оправив сега не ја давам на некој да ужива