@zvonkog ако ти се убави на изглед и ти е погодено седењето кај Сим и Кимко, ич не се думај. Нерасипливи се. Доколку земиш 2т скутер, само резонантен ауспух ќе си ставиш и ќе си тера супер. Не се секирај за брчењето, во ауспухот се става камена волна и воопшто нема да брчи. Има и посебни волни за ауспуци се продаваат, тие сигурно и потрајни се. Менувањето не е повеќе од 15 минути.
Доколку пак земиш 4т, тогаш има китови за да ги направиш 80 цм3 и повторно имаш супер забрзување.
Јас возев Сим купен половен, 6-7 години го возев без никаков проблем. Потрошувачката беше 3.5 л/100км возен скоро цело време на полна

Не очекувај брзини и стартови колку Априлиите од 2017 година и постарите, но побрз ќе бидиш од колите на семафор.
Другар има Сим 2т од 2006 година, лани прв пат му сменив каиш и филтер за воздух

Претходно имаше сменето само ролни и гуми.
Верувам дека и Кимко се на исто ниво со квалитет. На Крф рентав Кимко 2т, скоро 1000км поминав за 7-8 дена, 2ца на него цело време со 2 преполни ранци цело време, плус и куфер позади. На ниедна угорница не застана
